Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Македонија

Верификувани мандатите на новите советници во Општина Македонска Каменица – Злате Алексовски избран за претседател на Советот

На денешната конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Македонска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешната конститутивна седница на новиот состав на Советот на Општина Македонска Каменица беа верификувани мандатите на новоизбраните 11 советници, со што официјално започна четиригодишниот мандат на советничкиот состав. На седницата, со мнозинство гласови, за претседател на Советот беше избран Злате Алексовски.

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, им упати искрени честитки на новоизбраниот претседател и членовите на Советот, посакувајќи им успешен, одговорен и плоден мандат исполнет со конструктивна и посветена работа во интерес на граѓаните.

– Очекувам Советот и понатаму да работи со посветеност, транспарентност и со искрена заложба за реализација на проекти што ќе придонесат за просперитет и развој на нашата општина, како и за унапредување на квалитетот на живот на сите граѓани,“ истакна градоначалничката Стаменкова во своето обраќање.

Реклама

Со изборот на претседател и верификацијата на мандатите, Советот на Општина Македонска Каменица го означи почетокот на својот нов мандатен период. Во наредниот период, советниците ќе имаат задача да ги усвојат приоритетните програми за работа, буџетот за 2026 година, како и повеќе локални планови и иницијативи насочени кон подобрување на инфраструктурата, јавните услуги и условите за живот во сите населени места во општината.

Новото раководство најави отвореност за соработка со сите институции, невладини организации и граѓани, со цел заедничко креирање политики кои ќе го поттикнат локалниот развој и ќе ја зајакнат довербата во институциите на локалната самоуправа.