Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Прилози

Велигденски честитки од државно-политичкиот врв

Мирот, љубовта, здравјето и Божјиот дух да бидат дел од сечиј дом…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мирот, љубовта, здравјето и Божјиот дух да бидат дел од сечиј дом е главната порака која денеска, по повод најголемиот христијански празник Велигден, ја упати државниот врв во Македонија и лидерите на политичките партии.

Во овие возвишени и благодатни денови, кога се открива тајната на животот како победа над смртта, а на светлината над темнината, од срце Ви посакувам во Вашите домови да се вселат мирот, љубовта, здравјето и Божјиот дух, се вели во честитката на претседателката Гордана Силјановска-Давкова, која Велигден го дочека во Охрид на Плаошник.

„Посакувам уште поголема вера, верба, надеж, во поубава денешницата и поубаво утре. Зошто навистина времево е такво што треба да се најдеме на некој ваков голем ден за да се потсетиме дека овде сме за да живееме пристојно, за да им овозможиме на другите за живеат пристпјно, да веруваме во мир а не во војна, да веруваме во добро а не во зло- истакна претседателката Гордана Силјановска Давкова.

Реклама

Здравје, мир и благосостојба во секој дом е пораката во честитката на премиерот Христијан Мицкоски.

-Велигден не е само празник на верата, туку и симбол на надежта, обновата и победата на животот над искушенијата. Тој нè потсетува дека по секоја темнина доаѓа светлина, по секој предизвик – нов почеток, а по секоја жртва – заслужена надеж, додава Мицкоски во честитката. Нашата определба е јасна, да продолжиме со одговорни политики, да ја зајакнеме економијата, да го заштитиме животниот стандард и да создадеме сигурна иднина за сите. Празничните денови да донесат топлина и сила да продолжиме напред со јасна визија.

Честитка упати и претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши.

-Велигден е празник што носи пораки на надеж, духовна обнова и зацврстување на вербата во доброто, човечноста и заедништвото. Во овие празнични денови, кога се слават љубовта, солидарноста и меѓусебната почит, уште еднаш се потврдува значењето на вредностите што нè поврзуваат како општество и нè упатуваат кон заеднички напредок – вели Гаши во честитката.

Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво, вели во честитката претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Велигден е симбол на спасението, празник кој го означува крајот на Христовите страдања – празник кој ни дава сила и носи надеж за нови и подобри почетоци, за справување со предизвиците. Овој голем христијански празник дава духовна сила и повикува на добрина, човечност и заедништво – вредности што се патоказ за праведно и солидарно општество. Победата на животот над смртта, што ја симболизира денешниот празник, е силна порака дека и во најтешките моменти, светлината и надежта секогаш победуваат“, објави Филипче.

Честитка по повод празникот од Соборниот храм упати и градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој посака мирни празници, среќа, љубов и здравје во секој дом.

-Ова се празнични кога практично и смислата на нашето постоењесе гледа преку овој празник, кој е суштината на нашиот живот. Моменти кога треба да се обединиме како народ и генерално уште еднаш да посакам многу здравје, среќа, љубов во сите домови-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

Велигденски честитки и пораки денеска упатија и претставници на политичките партии, граѓански здруженија и голем број институции, со желба за здравје и благосостојба во секој дом.