Реклама

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

40-от степен на термометрите нема да попушти, УХМР најавува локални невремиња, минимално заладување дури од сабота

СДСМ си го штити „талогот“: Играјќи на картата дека се деца, бранат луѓе со кривични досиеја

Прва посета на украинскиот претседател на Србија: Вучиќ му рече на Зеленски дека не е оптимист за патот кон ЕУ на Белград

Од климатските промени во Македонија најмногу страда земјоделството

25 години од трагичниот настан кај Карпалак во кој загинаа десетмина македонски бранители

Оризопроизводителите бараат системски решенија за поевтино производство

Гостивар се поблиску до безбедна вода, надежите се дека следната недела ќе може да се пие и готви

Прилози

Велигденски Брзата помош интервенирала кај 7 колабирани пациенти, но и кај пијани граѓани

Седум колапси,  од кои еден хоспитализиран и повеќе повици од лица во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Седум колапси,  од кои еден хоспитализиран и повеќе повици од лица во алкохолизирана состојба регистрирала брзата помош изминатиот празничен викенд. Во однос на храната граѓаните биле досега дисциплинирани, но лекарите очекуваат овие два дена да има и такви проблеми. Апелираат секако да се внимава и на храната и да не се внесува во големи количини,  а  на хроничните болни да ја замаат терапијата и да внимаваат на променливото време.

-Изминатиот викенд вкупниот број на интервенции  во итната  медицинска помош не го насмина бројот, но впечатливо е дека е зголемен бројот на интервенции од итен карактер. Од типот на колапси во изминатото деноноќие имавме зголемен број  и тоа 7 колапси од кои еден е хоспитализиран, вели за Алфа доктор Маргарита Атанасовска Трипуновска.

Поради варијациите на температурата и климата,  се апелира да се внимава на крвниот притисок и ако е потребно да се побара помош.

Реклама

Имаме граѓани кои се жалат на доста главоболки и вртоглавица исто така доста нагласена особено кај хроничните болни и да се зема терапијата која е пропишана од лекар. А оние кои имаат проблеми со главоболки и  вртоглавици може да се упатат и во ургентните центри во својот град, вели Атасовска Трипуновска.

Докторите апелираат  граѓаните кои постеле повеќе да внимаваат во деновите што следат, да внесуваат постепено масна храна биидејќи на организмот му треба време  да се прилагоди. Постепено внесување на намирниците е неопходно според лекарите, за да не дојде до проблеми од типот на труење со храна, воспаление на жолчка како и други потешкотии.

Матеја Петровски