Реклама

Нова гасна артерија: Македонија и Србија се поврзуваат со нов гасовод

Поевтин училишен прибор – се пазари со попуст од 15 отсто

Делчево под засилен надзор по серијата пожари – видеокамери и дронови на критичните места

Западнонилската треска се шири во регионот, Грција регистрира 232 случаи

Пет пожари и натаму активни, најкритично е кај Копаница

Мицскоски се срами од незнаењето и лагите на СДСМ околу дата-центрите, се преговара со инвеститори

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Македонија

“Велигденска традиција 2026” во Крива Паланка денес

Во организација на Општина Крива Паланка и институциите од областа на културата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во организација на Општина Крива Паланка и институциите од областа на културата од општината, денеска со радост и празнична енергија ќе се реализација традиционалната манифестација “Велигденска традиција 2026” во културно-историскиот локалитет во село  Градец.

-Да ја споделиме радоста и топлината на празникот, да ја оживееме нашата културна и музичка традиција и да создадеме незаборавни моменти за сите генерации. На програмата настапуваат: Раде Рогожаров, изворниот оркестар „Осоговски извор“ од село Оризари, Кочани и локалниот ансамбл КУЗ “Карпош”, Крива Паланка. Заедно во песна, игра и празнична атмосфера да го прославиме Велигден, велат од службата за комуникација со јавноста на Општина Крива Паланка.

Во текот на вчерашниот ден на централниот градски плоштад се одржа програма наменета за сите генерации, со акцент на најмладите.

Реклама

-Градскиот плоштад беше исполнет со смеа, детска разиграност и позитивна атмосфера, во рамки на настанот „Велигденска забава со најмладите“. Со богата програма, аниматори, пантомимичари, музика и бројни забавни игри, децата уживаа во незаборавни моменти.Особен интерес предизвика потрагата по скриеното велигденско јајце, при што најуспешниот учесник беше награден со вредносен ваучер од 5.000 денари, додека за дел од останатите игри беа доделени симболични велигденски подароци, во духот на празничната радост.Овој настан се организираше за првпат и има за цел да прерасне во традиција која ќе го збогатува културниот живот на градот. Детската радост и смеа се најголема инспирација и поттик за секој вложен труд и секоја идна активност, особено за време на празниците, додаваат од општината.

Празнувањето на Велигден започна синоќа во храмовите, каде се служеа литургии и верниците масовно ги посетија и манастирот Св. Јоаким Осоговски и соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј. Со света божествена литургија во храмовите и денеска свечено се слави воскресението Христово.