Реклама

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Македонија

Велигденска честитка од Димовски: Победата на надежта и на светлината е вечна инспирација да истраеме во зачувувањето на нашите духовни и национални вредности

Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, по повод најголемиот христијански…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Социјалистичката партија на Македонија, Љупчо Димовски, по повод најголемиот христијански празник Велиден, упати честитка до неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, до свештенството и до правосланите верници.

-Со срца исполнети со пасхална радост и духовна торжественост, во името на членството на Социјалистичката партија на Македонија, како и во мое лично име како заменик-претседател на Владата, Вам, на свештенството и на верниот народ на нашата древна Македонска православна црква Ви упатувам најискрени честитки по повод најголемиот христијански празник – Воскресение Христово – Велигден. Победата на надежта и на светлината е вечна инспирација за сите нас да истраеме во зачувувањето на нашите духовни и национални вредности. Во овие празнични денови Вашето Блаженство го препознаваме како наш духовен татко и пастир кој не води кон Христовиот пат и со посебна почит се осврнуваме на улогата на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија како вековен стожер на македонскиот идентитет и духовен патоказ на нашиот народ, се наведува во честитката.

Воедно, се додава, ние остануваме посветени на градењето на праведно општество засновано на солидарност, меѓусебна почит и единство.

Реклама

-Веруваме дека само преку заедништво и силна верба во општото добро, можеме да обезбедиме просперитет и стабилност за нашата Татковина. Воскреснатиот Господ Исус Христос нека Ви подари духовни и телесни сили за понатамошно успешно водење на македонскиот православен народ. Се молиме Вашиот архипастирски благослов секогаш да не следи, поттикнувајќи не на мир, братољубие и единство, а Вашите молитви и благослови нека бидат наша заштита. Радосната вест за Христовото Воскресение нека донесе мир, љубов и благосостојба во секој дом и кај сите кротки верници на нашата Света Црква. Христос Воскресна! На многу лета, Владико свет! , стои во честитката од претседателот на СПМ Димовски.