Реклама

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Македонија

Вечер во Струмица завршува 34.издание на ФКТ „Ристо Шишков“, во конкуренција за единствената награда актери од десет претстави

Со претставата „Црнила“ од Коле Чашулем во режија на Дејан Пројковски, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со претставата „Црнила“ од Коле Чашулем во режија на Дејан Пројковски, а во изведба на Народниот театар од Прилеп, вечер во Струмица ќе биде спуштена завесата на 34. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“, кој традиционална почнува на Денот на независноста, 8 Септември. За единствената награда за високо актерско остварување, која се состои од златен меделјон со ликот на Шишков, парична награда во износ од 1.500 евра и плакета, конкурираат актери од десет претстави од Македонија, Србија и Бугарија.

Фестивалското жири кое ја оценува актерската игра е во состав: Билјана Драгичевиќ Пројковска, ланска добитичка на наградата „Ристо Шишков“, Билјана Ѓуровиќ и Иван Додовски и тие вечер треба да го соопштат името на годинашниот лауерат.

Фестивалот е финансиски помогнат од Министерството за култура и туризам и Општина Струмица.

Реклама