Реклама

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Свет

Ванг Ји: 2026-та ќе биде „голема година“ за односите меѓу Кина и САД

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска изјави дека 2026-та ќе…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји денеска изјави дека 2026-та ќе биде „голема година“ за односите меѓу Кина и САД.

Тој рече дека и покрај многуте разлики, „двајцата шефови на држави лично одржувале добра размена на највисоко ниво“, обезбедувајќи ниво на „стратешка гаранција“ за билатералните односи.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, треба да го посети Пекинг кон крајот на март, а Ванг Ји, иако не ја потврди посетата, посочи дека Пекинг сака „помалку напнати односи“ со Вашингтон.

Реклама

– Агендата за разговори на високо ниво е веќе на нашата маса. Она што треба да се направи сега е двете страни да извршат  темелни подготовки, да негуваат соодветна атмосфера, да управуваат со постојните разлики и да ги елиминираат непотребните пречки, истакна Ванг.

Тој додаде дека ставот на Кина „отсекогаш бил позитивен и отворен“, но дека е клучно „американската страна да излезе во пресрет“.

Кина и САД имаат нестабилни односи со години, особено откако Трамп започна трговска војна со Пекинг за време на неговиот прв мандат. Двете супер сили имаат различни ставови и околу актуелните глобални прашања – војната во Украина и кризата на Блискиот Исток по американско-изралексите напади врз Иран.