Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Вајц открива дека поради извештајот за Македонија добивал и закани по животот од бугарски екстремисти

Известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц, откри дека претрпел сериозни притисоци, бил…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Известувачот на Европскиот парламент, Томас Вајц, откри дека претрпел сериозни притисоци, бил цел на валкана кампања, па дури добивал и закани по животот додека работел на извештајот за напредокот на Македонија.

Во интервју за Канал 5, тој откри дека поради неговата работа бил мета на екстремно десничарски групи на Телеграм, каде што бил споделен неговиот телефонски број. „Добивав закани по живот, а тоа продолжи и по гласањето на извештајот“, рече Вајц. Тој посочи дека целата ситуација дополнително ескалирала и во Бугарија, а потврди и дека бугарски европратеници се обиделе да го отстранат од позицијата известувач.

„Имаше кампања против мене дека сум корумпиран, дека сум пристрасен… Ми замеруваа што сум разговарал со македонски соработници. А јас им велев: ‘Извинете, но ова е извештај на ЕУ за Македонија – со кој друг да разговарам?’“, рече Вајц, коментирајќи ја ситуацијата со доза иронија.

Реклама

Тој нагласи дека извештајот бил долг и тежок процес, особено затоа што за земјата немало подготвен извештај уште од 2022 година. „За жал, бугарски европратеници се обидоа да го блокираат целиот извештај. Нивната главна цел беше тој воопшто да не се изгласа. Единствената измена што се бараше беше бришење на деловите во кои се признава македонскиот идентитет и јазик“, изјави Вајц.