Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Утре започнува евакуацијата на македонски државјани од земјите од Блискиот Исток

Утре почнува евакуацијата на нашинците со чартер-летови од земјите од Блискиот Исток.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Утре почнува евакуацијата на нашинците со чартер-летови од земјите од Блискиот Исток. Договорот за летовите е склучен со авиокомпанија, согласно Законот за јавни набавки, информираат од Министерството за надворешни работи. Според утврдениот план, очекувањата се до средината на следната недела да бидат евакуирани сите македонски државјани кои изразиле подготвеност за враќање во земјава.

Заклучно со денес, Амбасадата во Доха била контактирана од 150 македонски државјани, од кои 95 побарале евакуација. Амбасадата во Абу Даби ја контактирале 585 лица кои престојуваат во Обединетите Арапски Емирати, како и 36 лица од Кувајт, 15 од Бахреин и пет од Саудиска Арабија. Во четвртокот, со лет на владиниот авион од Египет, пристигнаа петмина македонски државјани кои престојувале во Израел.