Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Успешна крводарителска акција во Делчево со собрани 77 крвни единици

Вкупно 77 крвни единици се собрани на денешната крводарителска акција што се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 77 крвни единици се собрани на денешната крводарителска акција што се одржа во Делчево, во организација на Црвен крст Делчево, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина. Акцијата помина во одлична организација и со значителен одѕив на граѓаните, особено кај редовните крводарители.

Од Институтот за трансфузиона медицина информираат дека континуитетот во организирањето вакви акции е од особено значење за одржување стабилни резерви на крв на национално ниво. Оттаму упатија апел до младата популација поактивно да се вклучува во крводарителските иницијативи, нагласувајќи дека токму младите се клучни за одржување на долгорочна одржливост на системот.

Секретарот на Црвен крст Делчево, Ивана Ангеловски, изрази задоволство од одѕивот и упати благодарност до сите учесници во акцијата.

Реклама

-Голема благодарност до сите крводарители за нивната хуманост. Да продолжиме и во иднина со вакви акции и да помагаме онаму каде што е најпотребно“, истакна Ангеловски.

Според организаторите, крводарувањето претставува еден од највисоките хумани чинoви, со кој директно се спасуваат човечки животи. Тие потенцираат дека ваквите акции не само што придонесуваат за обезбедување на неопходни количини крв, туку и ја подигаат јавната свест за важноста од солидарност и општествена одговорност.

Во наредниот период се очекува организирање нови крводарителски акции, со цел да се задржи позитивниот тренд и да се обезбедат доволни количини крв за потребите на здравствениот систем.