Реклама

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Македонија

Уште не се знае зошто Вардар поцрвене

Сеуште не се знае зошто Вардар поцрвене. По добиена дојава за загадување…

Сподели:

Сеуште не се знае зошто Вардар поцрвене. По добиена дојава за загадување на реката Вардар со црвена боја во близина на Бетонската база – Бетон, инспектори од Државниот инспекторат за животна средина во средата излегоа на увид на посочената локација.

Отпадната вода од колекторот која се влива во река Вардар беше со видлива црвена боја. Поради овој факт веднаш се земени мостри од отпадната вода што излегува од колекторот за хемиска анализа. Земените мостри се однесени во акредитирана лабараторија и е во тек нивно испитување“, се вели во извештајот по инспекцискиот надзор.

Истовремено извршен е вонреден инспекциски надзор кај правниот субјект „Либерти“ кој денеска се огласи дека не е причина за овонеделното загадување на реката.

Реклама

Компанијата спроведе сеопфатна ревизија на својата постројка за третман на отпадни води и може да потврди дека непрестајно работи во рамки на сите релевантни параметри, без проблеми. Исто така, прегледани се и редовните мерења кои континуирано се спроведуваат, кои и понатаму се далеку под ограничувањата утврдени во работната дозвола, се вели во соопштението од „Либерти“.

Ново загадување на реката Вардар се случи на 15 месецов  во претпладневните часови во подрачјето на Ново Лисиче.  Ова не е прв пат водата во Вардар да биде загадена-истото се случи и во септември минатата година.

Инспектори уште истиот ден беа излезени на терен и известија дека  доколку се работи за истиот сторител од минатиот пат, овој пат, казната ќе биде многу поригорозна. Зад минатогодишното загадување на реката тогаш стоеше фирмата Арчелор Митал, која соопшти дека дошло до пукање на системот, по што се излеала комбинација на железо и киселина.

Еколошка хаварија се случи и во реката Брегалница на 23 минатиот месец. Огромно количество  хемикалија во бела боја беше испуштена во реката, а остри реакции имаше од риболовците, кои алармираа, на терен да излезат и државните инспектори за заштита на животната средина.

Викторија Миткова