Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со фондацијата Конрад Аденауер организира настан посветен на женското лидерство и европската перспектива на Западен Балкан

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со фондацијата „Конрад Аденауер“, во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, во соработка со фондацијата „Конрад Аденауер“, во периодот од 17 до 19 април во Скопје организира меѓународен настан посветен на унапредување на женското лидерство и европската перспектива на Западен Балкан. Целта на овој овој настан е да обедини политичарки, носители  на одлуки и експерти од регионот и Европа со цел размена на искуства и зајакнување на улогата на жените во процесите на донесување одлуки, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Во фокусот на дискусиите се актуелните геополитички и безбедносни предизвици, нивното влијание врз процесот на проширување на Европската Унија, како и улогата на женското лидерство во овие процеси. Дополнително, ќе се отвори дебата за енергетската транзиција, транспортната поврзаност и значењето на иновациите и STEM за иднината на регионот. Преку интерактивен формат, настанот ќе придонесе кон зајакнување на регионалната соработка и поддршка на европските политики.

Официјалниот претставник на Фондацијата Конрад Аденауер во земјава, Даниел Браун, имаше свое обраќање:

Реклама

,,Како директор на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во земјата со задоволство изразувам поддршка на конференицијата на Унијата на жени на  ВМРО-ДПМНЕ која е партнер на организацијата на жени на Европската Народна Партија. Живееме во време на предизвици, како во поглед на геополитичката безбедност, така и во поглед на големите општествени промени предизвикани од новите технологии како што е вештачката интелигенција. Во таа насока, важно е да се има широк, но и диференциран пристап кон темите. Учеството на високи гости од земјите во регионот, како и учеството на преставници од Брисел, се доказ дека овие теми заслужуваат огромно внимание. Како раководител на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер, би сакал да се заблагодарам за долгогодишната успешна соработка со Жаклина Пешевска и со Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ“.