Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Унгарија предничи по бројот на вакцинирани против ковид во ЕУ, но ја има најголемата стапка на смртност во светот

Унгарија вакцинираше повеќе население од која било земја во Европска Унија, но…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унгарија вакцинираше повеќе население од која било земја во Европска Унија, но во исто време продолжува да има една од најголемите стапки на смртност од ковид-19 во светот. И покрај поголемиот процент на имунизација, што успеа да ја спроведе благодарение на набавката на вакцини унгарските власти не успеа да го забави забрзаното ширење на вирусот.

Во Унгарија, починале 20.161 лице од почетокот на пандемијата, 189 во последните 24 часа.

Според Европскиот центар за контрола и превенција на болести, 21,6% Унгарци имаат примено најмалку една доза од вакцината, нешто повеќе од Малта, додека просекот на ниво на Европска Унија е 12,3%.

Реклама

Високата стапка на имунизација во Унгарија се должи на тоа што се снабди со кинески и руски вакцини, кои сѐ уште не се одобрени од Брисел, но, сепак, не успева да го запре ширењето на коронавирусот. Според универзитетот Џонс Хопкинс, Унгарија ја има највисоката двонеделна стапка на смртност по глава на жител во светот. Унгарија вчера ја надмина бројката од 20.000 починати од ковид-19.

Минатата недела, Унгарија ја одобри употребата на уште две вакцини, вкупно седум досега: „Конвидекија“ на кинеската компанија „КанСино бајолоџикс“ и „Ковишилд“, верзија на „АстраЗенека“ што се произведува во Индија.

„Не се сомневам дека Унгарија ќе има лето на слободата“, изјави премиерот Виктор Орбан.