Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Свет

Украински дронови го таргетираа Санкт Петербург

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на социјалната мрежа Икс соопшти дека украинските сили погодиле руски воени складишта и поморска база, што го нарече оправдан одговор на руските напади. Зеленски објави дека е „време да се стави крај на оваа војна“, но го обвини рускиот лидер дека сака „да продолжи да војува“. Тој напиша дека украинските дронови […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Украинскиот претседател Владимир Зеленски на социјалната мрежа Икс соопшти дека украинските сили погодиле руски воени складишта и поморска база, што го нарече оправдан одговор на руските напади. Зеленски објави дека е „време да се стави крај на оваа војна“, но го обвини рускиот лидер дека сака „да продолжи да војува“.

Тој напиша дека украинските дронови прелетале околу 1.000 километри до регионот на Санкт Петербург, таргетирајќи ги „арсеналите на непријателската морнарица и базата во Кронштат“, главното упориште на Балтичката флота на руската морнарица.

Ова се случува еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин на годишниот економски форум на Русија, што се одржува во Санкт Петербург, изјави дека нема смисла да се сретне со Зеленски, кој претходно повика на директни разговори за завршување на војната.

Реклама

Руските власти соопштија дека Украина извршила напад „без преседан“ врз и околу Санкт Петербург, додека градот е домаќин на последниот ден од форумот. Од Москва тврдат дека повеќе од 140 дронови биле соборени над околниот Ленинградски Регион, изјави гувернерот Александар Дрозденко, додека гувернерот на градот, Александар Беглов, за првпат од почетокот на војната ги повика жителите да останат во своите домови.

Дрозденко изјави дека украинските напади предизвикале пожар во неименуван воен објект и дека жителите биле евакуирани. Тој додаде дека на неколку згради им била нанесена „незначителна“ штета.