Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Прилози

🎥 УЈП во лов на трговци кои не издаваат фискални сметки

Регионалната дирекција на УЈП Прилеп само во последниве шест месеци направила преку…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Регионалната дирекција на УЈП Прилеп само во последниве шест месеци направила преку 180 контроли во објекти каде што се вршеле готовински плаќања, пришто кај шеесетина даночни обврзници биле констатирани неправилности, а на двајца им е изречена и мерка за времена забрана за вршење на дејноста. „Битката“ со несовесните даночни обврзници е во врвот од приоритетите на оваа институција, уверуваат од УЈП Прилеп.

УЈП има извршено 183 контроли на територијата на Регионална дирекција Прилеп, од кои што 66 се контроли со утврдени неправилности. Тоа значи – не издавање на фискални сметки и непоседување на фискални сметки. А од овие 66 даночни обврзници имаме за двајца даночни обврзници кои што се со времена мерка за забрана за вршење на дејноста во траење од 15 дена“, – изјави Александар Мирчески, управник на РД на УЈП – Прилеп.

Дека државата бескомпромисно се обидува да стави ред и во овој сектор, се и последните податоци од УЈП за направените контроли на ниво на држава од 14 до 20 јули. Контролите биле спроведени кај 353 субјкети. Кај 100 од нив биле утврдени неправилности при што изречени се 82 глоби за неиздавање на фискални сметки, 3 глоби за невоведување и некористење на фискален систем, 10 глоби за неводење на Книга за дневни финасиски извештаи, 3 глоби за фискална сметка без пропишани елементи, една глоба за невоведена резревна фискална апаратура и една глоба, согласно Закон за даночна постапка, заради одбивање да соработува.

Реклама

Веќе од денеска пак,  УЈП најави засилени контроли и на такси-превозниците во целата земја, а особено во туристичките места. „Овие даночни обврзници се должни да имаат фискален апарат, да издаваат фискална сметка за секоја услуга, да го евидентираат дневниот промет на трансакциска сметка кај носителот на Платен промет најдоцна до наредниот работен ден, но и да имаат јасно и видливо соопштетние за задолжително издавање, барање и добивање на фискална сметка“, – информираат од УЈП.

Истовремено, од УЈП упатавуваат апел и до граѓаните да ги пријавуваат сите забележани неправилности при било кое плаќање на бесплатниот телефонски број 198, по што УЈП ги разгледува добиените претставки и постапува согласно своите ингеренции.

Инаку, според Законот за ДДВ, секој даночен обврзник кој што остварува приходи и промет над 2 милиони денари, е регистриран како ДДВ-обврзник.