Реклама

Нов ургентен центар во Штип за побрзо згрижување на 150.000 пациенти од Истокот

Старите занаети во Охрид изумираат, градот останува без душа

Не се рушат ѕидови и не протекуваат покриви – Јаневска во увид на студентскиот дом „Стив Наумов“

Македонија во предизборното соочување на Јотова и Ѓуров – отворени тајните кујни како се крчкал францускиот предлог

Мицкоски: Владата веќе ја постигна целта до крајот на мандатот да достигне БДП од 20 милијарди долари

„САНТЕ ПЛУС“ под истрага и во Македонија и во Албанија – милионски злоупотреби, приведени сопственици и оштетни илјадници пациенти

Мицкоски очекува победа на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница

Побрзо до Јадранот, поблиску до нови економски можности – Скопје и Тиват се поврзуваат со нова директна авиолинија

Божиновска: Политичките промени во Србија нема да влијаат врз заедничките проекти со Македонија

Два различни концепти: За Брвеница едни повикуваат да се гласа за проекти, други за да не победат „Каурите“

Поранешниот директор на ФЗОМ Ден Дончев, вработени во фондот и во приватна болница се сомничат за злоупотреби од 5 и пол милиони евра

Крупните инфраструктурни проекти отвораат големи перспективи за домашните градежници

Македонија

Училиштата може да аплицираат за средства за реализација на активности за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција

Министерството за образование и наука објави повици за  доделување средства во основните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за образование и наука објави повици за  доделување средства во основните и во средните училишта за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, злоупотреба и запуштање на ученици, програми за спречување дискриминација и програма за превенција од употреба на алкохол, пушење, учество во игри на среќа, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанции и малолетничка деликвенција за учебната 2025/2026 година.

На објавените повици (одделно за  основните и за  средните училишта) може да се пријават сите училишта од државава, а МОН ќе додели средства на најмногу 30 основни и на 15 јавни средни училишта, во висина до 60.000 денари. 

Селекцијата со рангирање ќе ја прават комисии  кои ќе ги вреднуваат пристигнатите апликации, согласно одредените критериуми.

Реклама

Едно училиште (основно односно средно) може да се пријави и да добие финансиски средства за активности за една од програмите, согласно претходно направени анализи и проценки од стручните соработници на училиштето, предлози од ученичката заедница, училишниот одбор, советот на општината и Педагошката служба.

Во двата одделни повика на МОН се наведени насоки како треба да се структурирани активностите со кои училиштата би аплицирале, при што, меѓу другото, треба да се наведе планот на активности и целите – кои треба да бидат конкретни, мерливи, остварливи, реални и временски ограничени.

Заинтересираните основни и средни училишта најдоцна до 19 декември 2025 треба да пратат електронска пријава на порталот: http://e-uslugi.mon.gov.mk, а комисии формирани од министерката за образование и наука во рок од 30 дена од денот на завршувањето на јавните повици ќе објави списоци на основни и на средни училишта добитници на средства за реализација на активности од програмите за заштита од насилство, пороци, дискриминација, малолетничка деликвенција.