19 годишник со пиштол усмртил свој врсник од скопското село Бојане. Телото полицијата го најде во шумата во близина на Сарај. Синоќа еден час по полноќ во полиција се јавил таткото на осомничениот убиец за да го пријави синот. Тој на полицајците им признал дека неговиот син го убил својот врсник пред два дена.
- „На телефонската линија за итни повици 192 се јавил неговиот татко И.Б. и пријавил дека М.Б. му признал дека на 15.05.2026 во шума во околината на с.Сарај со пиштол го усмртил Б.Д. (18) од Бојане. Од страна на полициските службеници, М.Б. е приведен во полициски службеници, а пронајдени се и телото на Б.Д. и пиштолот со кој е извршено убиството“ вели Гоце Андреевски – Портпарол на МВР.
Увидот е завршен, а од обвинителството велат дека во моментов се постапува. Токму истрагата треба да даде одговори која била причината за убиството и од каде осомничениот го набавил пиштолот со кој го усмртил врсникот.
Во последниот период загрижуваат бројките за врсничко насилство, особено помеѓу основци и средношколци. МВР само од јануари до март бележи 61 настан на насилно однесување на ученици во училишта или во нивна близина. Уште позагриживачки е тоа што над 63 проценсти од регистрираните инциденти се во основни учичишта во Македонија, а повеќе од половина во Скопје – 32.

Ако се погледне статистиката во последните во последните пет години пак секоја година забрзано зголемување на бројот на пријавени случаи на врсничко насилство.
- „Во 2021 година, регистрирани се 27 настани на насилно однесување меѓу ученици. Во 2022 година, регистрирани се 75 настани на насилно однесување меѓу ученици. Во 2023 година, 102 настани на насилно однесување меѓу ученици. Во 2024 година, регистрирани се 109 настани на насилно однесување меѓу ученици. Во 2025 година, регистрирани се 119 настани на насилно однесување меѓу ученици“ е дел од статистиката на МВР.
Лани, биле поднесени кривични пријави за 32 дела, од кои најчесто станува збор за насилство, телесна повреда а регистрирано имало и „силување на дете кое не наполнило 15 години“, „полов напад и силување“, „уцена“„неовластено снимање“ и „телесна повреда кон лице ранлива категорија“. И низ годините наназад, статстиките покажуваат дека насилството доминира во инцидентите кај врсниците.
