Реклама
Свет

Уапсени три лица по пожарот во Хонг Конг, бројот на жртви продолжува да расте

Тага, шок, очајна потрага по преживеани во пеплосаните облакодери во Хонг Конг…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тага, шок, очајна потрага по преживеани во пеплосаните облакодери во Хонг Конг по големата трагедија која зеде најмалку 55 животи, а се уште над 250 се водат ккако исчезнати. Во пожар што избувна вчера во станбениот комплекс беа повредени над 130 луѓе, меѓу кои и осум пожарникари. Од зградите се уште чади, а некаде има и пламени јазици. Противпожарните служби имаат многу тешка задача за целосно да го стават пожарот под контрола, оти има опасност од уривање на облакодерите. Во комплексот во населбата Таи По живееле голем број постари жители, поради што се стравува дека бројот на жртви би можел драматично да се зголеми. Многу граѓани сè уште ги бараат своите најблиски.

Властите започнаа кривична истрага, а полицијата уапси тројца работници од градежната компанија – двајца директори и еден консултант – под сомнение за убиство од небрежност. Во времето на пожарот, комплексот бил опкружен со бамбусови скелиња и со заштитни мрежи поради реновирања.

 „Имаме причина да веруваме дека оние кои се задолжени во компанијата биле крајно небрежни, што довело до оваа несреќа и предизвикало пожарот да се шири неконтролирано, што резултирало со големи жртви“ рече портпаролот на полицијата.

Реклама

„Секако дека не се чувствувам добро, видов толку многу згради како горат. Пожарот ги зафати домовите на луѓето. Како некој би можел да се чуствува добро. Еве нашиот блок се гасне сега од пожарникарите. Гледајќи ги пожарите насекаде околу тебе, сè уште се чувствуваш ужасно“ изјави жителка од населбата.

Првичните наоди укажуваат дека пожарот можеби бил забрзан од лесно запаливи изолациски плочи што ги блокирале прозорците на неколку станови. Постојат сомневања и за непочитување на безбедносните стандарди.

Според надлежните информациите дека материјалите што се користеле за работата можеби не биле во согласност со прописите за противпожарна безбедност се шпекулации.

Во меѓувреме, шефот на владата на Хонгконг, Џон Ли, во изјава за медиумите, рече дека инспекција влегува во сите згради во кинескиот специјален административен регион кои моментално се во процес на масовно реновирање.