Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Економија

УЈП: Пилот-фазата на е-фактура успешно се спроведува, досега верификувани 396

Пилот-фазата на националниот систем за е-фактура успешно се спроведува во реални услови…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пилот-фазата на националниот систем за е-фактура успешно се спроведува во реални услови и веќе покажува мерливи резултати, кои ја потврдуваат активната подготoвка на деловната заедница за новиот модел на дигитално фактурирање, соопшти денеска Управата за јавни приходи. 

До овој момент за тестирањето се најавени 148 компании, од кои 57 успешно се регистрирани во системот. Од нив, 15 активно го користат системот и имаат креирано и доставено 1.115 е-фактури, при што 396 фактури се успешно верификувани преку платформата.

– Овие показатели ги потврдуваат функционалноста и стабилноста на решението во пилот-фазата. Компаниите што се приклучуваат во тестирањето обезбедуваат рана техничка подготвеност пред задолжителната примена на системот, директна поддршка при интеграција, како и можност преку своите повратни информации да придонесат кон финалното унапредување на функционалностите. Раното приклучување овозможува полесна адаптација на ERP и интерните ИТ-системи, како и навремена подготовка за целосната имплементација – се наведува во соопштението.

Реклама

Управата за јавни приходи ги повикува ИТ-компаниите, ERP-провајдерите и економските оператори со сопствени ИТ-решенија активно да се приклучат во пилот-фазата, да го тестираат API-интерфејсот и со своите повратни информации да придонесат кон создавањето стабилен, сигурен и практичен систем за е-фактурирање, кој ќе одговара на реалните потреби на бизнис-заедницата.

Корисни линкови за вклучување во тестирањето:

Техничка документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk

Регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg

Тест-платформа: https://efakturatest.ujp.gov.mk

Сугестии и забелешки: [email protected]

Од УЈП нагласуваат дека се целосно посветени на имплементација на системот за е-фактура во тесна соработка со бизнис-заедницата и ИТ-секторот.

– Aктивното учество на компаниите во пилот-фазата претставува значаен чекор кон партнерско креирање модерен, сигурен и ефикасен систем на дигитално фактурирање, кој ќе овозможи поедноставени деловни процеси, намалени административни трошоци и повисоко ниво на транспарентност во економските текови. Управата за јавни приходи ги охрабрува сите заинтересирани економски оператори навремено да се приклучат во тестирањето и да придонесат кон успешна национална имплементација и дополнително унапредување на системот додека сè уште е во тест-фаза – стои во соопштението од УЈП.