Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонија

УЈП го презема претседателството на IOTA: Македонија ќе ја предводи соработката на европските даночни администрации

Управата за јавни приходи (УЈП) го презеде едногодишното претседателство на Интер-европската организација на даночни администрации (IOTA) на свечена церемонија која се одржа во рамките на 30-тото Годишно собрание на организацијата во Будимпешта, информира денеска прес-службата на УЈП.  Претседателството беше симболично преземено преку церемонијата на примопредавање на знамето на IOTA од в.д. директорката на Националната даночна […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Управата за јавни приходи (УЈП) го презеде едногодишното претседателство на Интер-европската организација на даночни администрации (IOTA) на свечена церемонија која се одржа во рамките на 30-тото Годишно собрание на организацијата во Будимпешта, информира денеска прес-службата на УЈП. 

Претседателството беше симболично преземено преку церемонијата на примопредавање на знамето на IOTA од в.д. директорката на Националната даночна и царинска администрација на Унгарија, Чила Тамаш Цзинеге, на директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова.

Во обраќање по преземањето на претседателството, директорката Петрова истакна дека даночните администрации денес се соочуваат со брзи технолошки промени, нови економски модели и растечки очекувања од граѓаните и бизнисите. Таа нагласи дека улогата на IOTA е да им помогне на даночните администрации успешно да ги претворат овие предизвици во можности преку практична соработка, размена на искуства и заедничко градење на капацитети.

Реклама

– IOTA не треба да биде само место каде даночните администрации разговараат за промените, туку место каде заедно ги претвораат предизвиците во конкретни решенија – истакна Петрова.

Веднаш по церемонијата на преземање на претседателството, директорката Петрова го предводеше конститутивниот состанок на новиот состав на Извршниот совет на IOTA, во кој влегуваат Азербејџан, Белгија, Ерменија, Естонија, Романија, Финска, Хрватска и Швајцарија.

Во рамките на Генералното собрание на IOTA, директорката Петрова учествуваше во панел дискусија со директорите на даночните администрации на Азербејџан, Естонија, Украина, Унгарија и Хрватска, посветена на стратешките приоритети на даночните администрации и идната улога на IOTA. На дискусијата беше нагласена потребата од забрзување на дигиталната трансформација, како и способноста на даночниците да управуваат со оваа трансформација и да ја зачуваат довербата на јавноста во услови на брзи технолошки и економски промени.

IOTA е организација во која членуваат 43 европски земји и две придружни членки, а е поврзана со повеќе меѓународни и глобални организации кои работат на даночни прашања.

– Преземањето на претседателството на IOTA претставува значајно меѓународно признание за Управата за јавни приходи, препознавајќи ја како активен и кредибилен партнер во европската даночна заедница – се вели во соопштението од УЈП.