Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Тутунот во експанзија – годинава се очекуваат над 31 милион килограми производство

На прагот од новата производствена сезона на тутунот, се бележи рекордно зголемување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На прагот од новата производствена сезона на тутунот, се бележи рекордно зголемување и на склучените договори и на површините. Некои од тутунопроизводителите годинава дури и двојно го зголемуваат своето производство. Тие велат дека во моментов најдоходовна земјоделска гранка е тутунопроизводството, иако нивните очекувања се дека и откупната цена ќе бележи раст и заедно со субвенциите ќе достигне барем до 10 евра за килограм тутун.

„Лани имав 40 декари. Годинава мислиме да имаме повеќе, 80 ќе бидат. Очекуваме да почнеме да садиме околу 7-8 мај, тука некаде, така ни е планот… Догодина можеби ќе ги зголемиме количините пак, како годинава што ги зголемивме… Со цената – добра беше, но сега, бидејќи поскапува нафтава, очекуваме Владата да даде до 500 денари и со субвенции 600 да биде. Најсреќни ќе бидеме ако биде така“, вели Миле Трајкоски, тутунопроизводител од с. Мало Коњари.

И од Сојузот на тутунски здруженија потврдуваат дека годинава се очекува рекордно производство, или во однос на лани за над 10 проценти. Склучени се 35.227 договори за обработка на 15.000 хектари површина, а пресметките велат дека приносот ќе тежи околу 31.575.000 килограми тутун. Во тек е и подготовката на документацијата за исплата на субвенциите на сите тутунари.

Реклама

„Подобро платена култура од тутунот во моментов немаме. Така што сите земјоделци ги зголемуваат површините врз основа што е зголемена цената за откуп… Во тек е изработката на налозите за исплаќање на субвенциите, значи до крајот на месецов ќе се изработат и ќе се исплати субвенцијата за сите тутунопроизводители“, изјави Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Благодарение на Владата и ресорното Министерство за поголема помош на тутунопроизводителите, годинава е намалена и маржата на цените на ѓубривата – за 5 проценти кај вештачките и 10 проценти кај органските ѓубрива. Покрај ова, од Сојузот уверуваат и дека не се откажуваат од преговорите со откупувачите за повисоки откупни цени.