Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Прилози

🎥 Тутунарите се организираат да му помогнат на семејството Керимоски од Канатларци, кое загуби речиси сè во завчерашниот пожар

Сојузот на тутунски здруженија интензивно се организира да му помогне на многучленото…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сојузот на тутунски здруженија интензивно се организира да му помогне на многучленото семејство Керимоски од прилепското село Канатларци, кое во саботата за неполни два часа, во голем пожар, изгуби речиси се’. Од макотрпно стекната животна печалба, не им остана речиси ништо. Штетата е огромна, преку 100.000 евра. Изгорени се помошни простории, земјоделска механизација, патничко возило, три мотоцикли, но и над 4,5 тони тутун. Со тешката мака на Керимиски, први се солидаризираа тутунарите од Сојузот на тутунски здруженија. Велат, ќе им помогнат и со тутун, и со финасиски средства.

 „Навистина е направена огромна штета. Ние како Сојуз веднаш апелиравме тука до месното население да излезе со помош и кој колку може да подари балиња тутун. Меѓутоа, тоа да не биде стихијно, туку да се организира и да знае сето тоа да го направи. Значи, му кажавме на Селим дека не е сам, дека ние како Сојуз стоиме зад него, дека ќе го помогнеме –  и финансиски во склад со нашите средства, така што во текот на денешниот и утрешниот ден ние ќе му испратиме некоја помош. Меѓутоа, побаравме и поширока помош, од стопанствениците, а во текот на денов ќе стапам во контакт и со откупувачите на тутун“ – кажа Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

   Ништо од имотот на Керимоски не било осигурано, што дополнително ја усложнува целата оваа тажна ситуација, вели Ристески, и додава дека и тука, како Сојуз, ќе се обидат нешто да помогнат, преку Платежната агенција.

Реклама

   „Заради тоа што механизацијата му е изгорена, а која е се уште под гаранција, односно со овие пет години да не може да се отуѓува механизацијата. Значи, во текот на денешниот ден ќе разговарам и со директорот на Платежната агенција. Тие колку можат да помогнат и да го одложат начинот на исплаќање на таа механизација“, – дополнува Ристески.

  Инаку, пожарот во домот на семејството Керимоски, избувнал во саботата околу пладне, кога дома немало никој. Први на помош притекнале соседите, но огнот брзо голтал се’ пред себе, причинувајќи огромна штета. Од овие причини, семејството кое живее исклучиво од земјоделство, вели дека секоја помош им е добредојдена, воедно апелирајќи до сите хумани граѓани да им помогнат час поскоро.