Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Тутунарите подготвени за престојниот откуп, се очекуваат најмногу до 22 милиони килограми квалитетен тутун и повисоки откупни цени

Пред старот на откупната реколта за десетина дена, тутунарите се подготвени да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред старот на откупната реколта за десетина дена, тутунарите се подготвени да го предадат годинашниот род. Велат, есенските дождови биле добредојдени и за квантитетот, но и за квалитетот на приносите. Очекуваат родот да тежи до 22 милиони килограми високо-квалитетен тутун, а се надеваат и на повисоки откупни цени.

„Имаме капацитет да ги покриеме сите ваги кои годинава изнесуваат 337, што никогаш не била толкава бројката на откупни ваги, така што се очекува тутунот да се купи многу побрзо и со добар квалитет…Со доцните дождови се продолжи вегетацијата на тутунот и негде очекуваме околу 20 милиони килограми тутун да има сигурно“, – вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија.

Во наредните денови, најдоцна до в петок, во Институтот за тутун треба да се утврдат и мострите, по што веќе на 18-ти месецов откупувачите ќе можат да го започнат и откупот. Според Ристески, очекувањата на откупувачите дека годинава родот ќе тежи околу 26 милиони килограми, се нереални, а допрва престојат и преговорите за утврдување на откупните цени.

Реклама

„Можам да тврдам дека тутунот ќе биде подобро платен отколку ланската година…Се донесе и Законот за забрана за увоз. Значи, од почетокот до завршувањето на нашиот откуп е забарането увезувањето на ароматичен тутун. Тоа е се’ во интерес на нашето производство – да си го заштитиме производството, да си го заштитиме нашиот производител“, – дециден е Ристески.

Непосредните тутунопроизводители пак, охрабрени од есенските дождови кои придонесоа за зголемени и поквалитетни приноси, со право очекуваат и повисоки откупни цени.
„Не очекувавме дека ќе имаме зголемување на производството. Но, со есенските врнежи , мислам дека зголемивме околу 10-15 посто…

Некаде на почетокот мислев дека ќе имам до кај 3 тона тутун, но со ова зголемување, некаде 3,5 тони веројатно ќе имам, и очекуваме повисока цена од ланската, бидејќи квалитетот е далеку подобар од ланската година и очекуваме многу повисока цена“, – кажа Ибраим Јусуфи, тутунопроизводител од с. Житоше-долненско.

Инаку, лани просечната откупна цена на тутунот, заедно со субвенциите од 100 ден по кг тутун, достигна до историски 500 денари за кило тутун.