Реклама

Синдикална кошница: ВМРО-ДПМНЕ со контрааргументи на математиките на ССМ и обвинувањата на СДСМ

Оризопроизводителите во Кочанско ја почнаа жетвата, државата и производителите во дијалог за надминување на предизвиците

Крушево ја добива долгоочекуваната обиколница, поголема безбедност во сообраќајот и нов поттик за туризмот

Стручното образование станува попривлечно за младите, но се уште не ги задоволува потребите на стопанството

Историска резолуција за Македонците во Албанија, но и револт во Пустец поради бугарските медицинск

Најскапи горива во ЕУ во последните две децении, владините мерки ги дрѓат под контрола цените во Македонија

Инспекторите на терен: Мерката „Училишната кошничка“ генерално се почитува

Прилепските средношколци претвораат отпад во био-храна и природни ѓубрива

Штип ги собира придобивките од Пастрмалијадата – полн град, полни капацитети и поттик за локалната економија

Стратешко партнерство со САД: Мицкоски од Вашингтон најави инвестиции

Мицкоски: Дата центрите се иднината, најсовремените се со воздушно ладење, жалам што постојат сили кои сакаат да не вратат во 19 век

Мицкоски: САД и администрацијата на Трамп ја гледаат Македонија како близок пријател

Економија

Туризмот се стабилизира по кризата, но вниманието кај патниците останува

По периодот на неизвесност предизвикан од случувањата на Блискиот Исток, туристичкиот сектор…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По периодот на неизвесност предизвикан од случувањата на Блискиот Исток, туристичкиот сектор постепено се стабилизира. Од кумановските туристички агенции велат дека некои од летовите и аранжманите што беа откажани во изминатиот период повторно се реализираат, а новите резервации се во тек. Од туристичките агенции информираат дека во моментот нема ограничувања за патување и дека најголемиот дел од програмите се одвива според планираното. Сепак, како што посочуваат, последиците од кризата сè уште се чувствуваат, особено кај патниците што остануваат внимателни при изборот на дестинација. Откажувањата на летовите, пред сè, од страна на авиокомпаниите, предизвикаа финансиски последици, но во најголем дел од случаите патниците добиле поврат на средствата.

– Штетите секако дека се големи онаму каде што имало откажувања на летови од страна на авиокомпаниите. Во тие случаи постои рефундација на средства. Кај аранжманите, каде што немало официјална забрана за летање и летовите се реализирале непречено, состојбата е нормализирана и функционирањето е вообичаено – изјави Наташа Трајковски, туристички работник.

И покрај претходните откажувања, интересот за летните аранжмани останува стабилен. Најбарани и понатаму се традиционалните дестинации како Грција, како и чартер-програмите за Турција, Египет и Тунис. Од туристичките агенции велат дека не се забележуваат значителни откажувања во последниот период, а граѓаните активно резервираат патувања за претстојната сезона.

Реклама

Од Националната асоцијација на туристичките организации посочуваат дека состојбата континуирано се следи во координација со надлежните институции и ресорното министерство, со цел навремено информирање и заштита на патниците.