Реклама

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Македонија

Туфегчиќ за Онкологија: Во недостаток на аргументи и докази, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации

Во недостаток на аргументи и докази за кривичното дело кое и се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во недостаток на аргументи и докази за кривичното дело кое и се става на товар на Симонида Црвенкова, многу е некоректно Обвинителство да се служи со сведоци кои ќе изнесуваат неосновани лични дискредитации, вели адвокатот Владимир Туфегчиќ, бранителот на онокологот  Црвенкова, обвинета во случајот Онкологија 1, за несовено лекување на пациенти. 

Прашан за коментар на изјавата на еден од оштетените сведоци на денешното рочиште за случајот, дека не и било побарано, но дала средства за лекување на нејзинат мајка, бранителот на Црвенкова, рече дека „секој кој ја познава Симонида Црвенкова знае дека тоа апсолутно не е точно“.

-Предмет на ова обвинение е несовесно лекување на болни и во таа насока, ниту еден од денеска сослушаните сведоци не изнесе ниту еден аргумент што е што доктор Симонида Црвенкова го направила за да се стекне впечаток дека таа несовесно постапила кон некој од пациентите, изјави Туфегчиќ. 

Реклама

Во однос на првиот сведок, Туфегчиќ, рече дека во случајот со нејзината мајка се работи за галопирачки канцер и на бели дробови и на бубрезите. 

-Едноставно ситуација која никој не ја посакува и кадешто докторите прават она што, вообичаено во таков случај е максимално и може да направат, но не може да спасат ничиј живот во една таква состојба на работите. Она што е најбитно, сите денеска сослушани сведоци многу добро знаеле во конкретниот случај се работи за неизлечива болест, потврдија дека доктор Симонида направила се што е во нејзина моќ, така што, зачудува само оној факт и тука сум во дилема, дали тие воопшто ги разбрале поуките на судот, сите и покрај тоа да се приклучат кон оштетното побарување и кривичниот погон, изјави Туфегчиќ. 

Според Туфегчиќ, ова е премногу стручна тема, на која одговор, како што нагласи, веќе дале стручни луѓе. -Оставам дека сведоците изнесуваат свои лични перцепции на работите. Сите ние посакуваме нашите најблиски да се излечат од ваква болест во ситуација кога ќе дојде до такво нешто, меѓутоа длабоко сме свесни дека тоа е невозможно, изјави Туфегчиќ. 

Денеска пред Судот беа сослушани повеќе оштетени сведоци, законски застапници на починати пациенти, кои зборуваа за лекувањето и конкретната терапија на Клиниката за онкологија.