Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Тројца кандидати за трка за градоначалник на Могила

И Кривична пријава за дивоградба, стана дел од трката за градоначалник на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И Кривична пријава за дивоградба, стана дел од трката за градоначалник на малата рурална општина Могила. Кандидатот од ВМРО-ДПМНЕ и се’ уште актуелен градоначалник на Могила, Драганчо Саботковски, обвинува дека неговиот независен противкандидат, Сашо Пивкоски, кривично се гони за кривичното дело „Бесправно градење, односно за дивоградба, а за што може да следи и затворска казна од 3 до 8 години. Овој  правен камен на сопнување, според Саботковски, е сериозен проблем за неговиот опонент, но вели дека тоа ќе го остави да го решаваат судските инстанци. А додека негов најголем адут за победа и на овие избори се досега сработените проекти, но и оние кои престојат за понатамошен развој на оваа земјоделска општина.

  „Фокусот на кој сме сконцентрирани во изминатиот период и периодот што следи е поголеми инфратсруктурни зафати. 24 километри  водовод, вредноста на тој водовод е околу еден милион евра. 9 села, 2.000 жители ќе бидат опслуженисо чиста вода за пиење. Тука се и 37 улици кои ги работиме буквално во оваа година и неколку месеци со поддршка директно од Владата, бидејќи во претходните три години имавме опструкција од претходната Влада…Тој дел со Кривичната, ќе го оставиме на судството да го сработи…,бидејќи една од работите со кои треба да се занимава општина Могила е токму правниот дел, дивоградбите да ги спречиме, или секој кој сака да гради – да си плати одредени комуналии…и мислам дека тука она што треба да го работи градоначалникот, тука прекршен е законот од еден од кандидатите“, – појаснува Драганчо Саботковски, кандидат за градоначалник на Могила од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата.

Сашо Пивковски пак, кој на овие избори настапува како независен кандидат по струка е инженер по био-технологија и сопственик на земјоделско стопанство. Тој уверува дека одлично ги познава сите проблеми на могилчани и врз таа база му била изготвена и изборната Програмата. А за причините за Кривичната пријава, и тој остава да ги утврдат судските инстанци.

Реклама

  „Општина Могила е земјоделска општина и на тој начин сите оние потреби на земјоделците јас сакам да ги преточам да бидат во служба на сите граѓани на општина Могила, особено на земјоделците…Голем акцент ќе ставам на преработувачките капацитети. Значи, еден услов за да биде земјоделецот во прв план, на општина Могила сакам да и’ овозможам привлекување на странски инвестиции…сакаме да им олеснеме на новите потенцијални инвеститори, и на тој начин ќе имаме нови вработувања, и на тој начин целокупните земјоделски производи ќе имаат соодветна цена и автоматски трудот на земјоделецот ќе биде вреднуван…Инволвирано е целото мое семејство за таа Кривична пријава, се води судска постапка и не сакам да ги коментирам судските постапки кои се во тек“, – кажа Сашо Пивковски, независен кандидат за градоначалник на Могила.

Третиот кандидат од редовите на СДСМ и Коалицијата, Зоран Ристесвски, и покрај нашите неколкукратни обиди да и’ го претставиме пред јавноста, не успеавме. Правдајќи се со пренабиена предизборна агенда, ни вети дека тој ќе не’ побара, што до овој момент не се случи. Сепак, според она што успеавме за него да го најдеме на интернет, тој на могилчани им ветува модерна инфраструктура, патишта, водовод и канализација, но и поддршка за земјоделството и локалната економија, за младите, притоа, како што вели, со понудени реални решенија за секојдневните предизвици.