Реклама

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Алта банка официјално на продажба- прва јавна аукција по принципот „се или ништо“ на 30-ти ноември

Играње по бугарски ноти: Сметката за бегството стигна за наплата – Ива Михаилова претворена во медиумска алатка на Софија

Мора да има широка дебата: Нов Кривичен законик, нова шанса да се исправи катастрофата оставена од СДСМ и ДУИ

Нов удар за „СДСМ“: Триесеттина членови од OO Ѓорче Петров преминаа во „ЗНАМ“

Ива Михаилова тајно снимена: Закани, притисоци, услови- бегалката мора да игра по нотите на бугарските тајни служби

Штипската брза помош доби три амбулантни возила со современа медицинска опрема

Од илјадници стада до напуштени пасишта – Галичица се соочува со природна промена

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Свет

Тројца турски полицајци загинаа во пресметки со терористи од Исламска држава

Најмалку девет луѓе, меѓу кои и тројца полицајци, се убиени во рација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку девет луѓе, меѓу кои и тројца полицајци, се убиени во рација против „Исламска држава“ во Турција. Акцијата била спроведена во западниот турски град Јалова, каде дошло до престрелка меѓу осомничени членови на терористичката организација.

Осомничените терористи отвориле оган кога безбедносните сили ја нападнале куќата во која се криеле. Турската новинска агенција „Анадолу“ јави дека на помош биле повикани специјални единици од соседната провинција Бурса.

Дел од медиумите јавуваат дека престрелката се проширила и на околните улици. Властите затвориле пет училишта и го прекинале снабдувањето со струја и гас, а на цивили и возила им било забрането да влезат во квартот.

Реклама

Минатата недела полицијата уапсила 115 осомничени членови на ИД, кои наводно планирале напади за време на божиќните и новогодишните прослави. Според официјални информации, групата повикувала на напади за време на празничните денови.