Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Тркалезна маса на тема „EduLab: Од училница до заедница – градење компетенции за одржливост преку образованието“

Завршен настан на проектот Akuo EduLab, во организација на компанијата Akuo, во партнерство со здружението Еко Логик и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со поддршка на Амбасадата на Франција во Македонија, ќе се реализира денеска. – Тркалезната маса на тема „EduLab: Од училница до заедница – градење компетенции за одржливост […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Завршен настан на проектот Akuo EduLab, во организација на компанијата Akuo, во партнерство со здружението Еко Логик и Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, со поддршка на Амбасадата на Франција во Македонија, ќе се реализира денеска.

– Тркалезната маса на тема „EduLab: Од училница до заедница – градење компетенции за одржливост преку образованието“ ќе се одржи на Факултетот за образовни науки при УГД, со почеток во 09:30 часот. Проектот Akuo EduLab им овозможи на студенти по образовни науки, наставници од основните училишта и ученици заеднички да работат на теми поврзани со одржливоста, обновливите извори на енергија, биодиверзитетот и климатските предизвици. Проектот има за цел да придонесе кон развој на зелени компетенции кај идните наставници и образовниот кадар, како и кон приближување на овие теми до најмладите генерации преку практично и интерактивно учење – пишува во соопштението.

Во рамки на настанот, како што е најавено, ќе бидат презентирани резултатите од проектот, искуствата на учесниците и можностите моделот на Akuo EduLab да се примени и во други образовни средини.