Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Три високи признанија за отец Гаврил Галев за придонесот кон македонската заедница во Австралија

– Во организација на Македонската австралиска заедничка организација (MACO), на свечената Илинденска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Во организација на Македонската австралиска заедничка организација (MACO), на свечената Илинденска прослава во Мелбурн, на отец Гаврил Галев, игумен на манастирот „Свети Климент Охридски“ во Кинглејк, му беа врачени три високи признанија како знак на благодарност и почит за неговата повеќедецениска духовна, културна и општествена дејност во македонската заедница во Австралија.

Како што информираат од Австралиско-сиднејската епархија при Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА), признанијата му се врачени во знак на благодарност и почит за неговата повеќедецениска духовна, културна и општествена дејност, на настан организиран од Македонската австралиска заедничка организација (МАЦО). 

– Признанието од Парламентот на Викторија на отец Гаврил му го врачи пратеничката Натали Хачинс, за неговата континуирана работа, пожртвувана служба и поддршка на македонската заедница во државата Викторија. Признание од Владата на Викторија му предаде министерката Ингрид Стит. Ова признание е доделено во соработка со МАЦО, за неговиот повеќе од дваесетгодишен придонес во работата со младите, зачувувањето на македонската култура, традиција и идентитет, како и за неговото активно општествено ангажирање. Третото признание е од Македонскo-австралиската федерација на пензионери, а му го врачи претседателот на федерацијата, Стојан Јанакиевски, за долгогодишната посветеност, несебична служба и исклучителен придонес во духовниот и културниот развој на македонската заедница во Австралија – стои во соопштението.

Реклама

Овие три признанија, велат, претставуваат потврда дека долгогодишната и пожртвувана служба на отец Гаврил Галев е високо ценета и препознаена не само од македонската заедница, туку и од институциите на австралиската држава, кои, според нив, го вреднуваат неговиот значаен придонес во зачувувањето на македонското духовно, културно и национално наследство во Австралија.