Реклама

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Опасноста од пожари сè уште е тука, апел до земјоделците да не ги палат стрништата

Владината потрошувачка кошница за август за 10.200 денари помала од синдикалната, клучните разлики се во методологијата

Наскоро нова авиолинија Скопје -Подгорица, Николоски договорил Македонија да се поврза и со пристаништето во Бар

Македонија

Три новозаразени случаи со корона вирус

Три нови случаи на корона вирус потврдени во лабораторијата на Институтиот за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Три нови случаи на корона вирус потврдени во лабораторијата на Институтиот за јавно здравје. Се работи за тројца жители на Скопје кои претходно се тестирале и во приватната болница Жан Митрев. Кај едниот симптомите траеле цела недела, а тој претходно се лекувал и во друга приватна болница. Другите двајца се сопружници, кои пред неколку дена биле на патување во Бугарија. Со ново дијагностицираните бројот на заболени со Ковид -19 се искачи на 26. 17 од нив се на Инфективната клиника, а 9 на домашно лекување во Дебар.

„Првиот пациент е сместен на Инфективната клиника, сопружниците се се уште на домашно лекување, тие во текот на денот ќе бидат префрлени на Клиниката за инфективни болести. Утрото вчера имаше уште една пациентка, патничка која што дошла од Холандија. Денеска веќе се во тек, контактите, интервјуата на сите сопатници кои патувале со неа“, вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Денеска во земјава се враќа и група од 200 македонски граѓани кои изминатиот период работеле во критичните подрачја на Италија и Австрија, а останале заглавени на тамошните граници. Тие ќе бидат ставени во групен карантин, во касарната Папелиште на Криволак.

Реклама

„Заради тоа што не можеме да ги исконтролираме поединечно посебно што не ги знаеме поединешно на сите посебните епидемиолошки податоци и анкети. Затоа сите ќе се сместат во касарната во Пепелиште, тука е тимот епидемиолози на едно место ќе ги направи тие анкети и разговори и тестови ако треба, ако има знаци. Тие ќе бидат во еден објект кој што има солидни услови и ќе биде обезбедуван од полицијата“, вели Филипче.

Според министерот Филипче, не е исклучена веројатноста бројката на заразени во земјава да се искачи на 2000, а пикот на заразата според предвидувањата на епидемиолозите се очекува за еден месец. Надлежните велат дека мерките за заштита од корона вирусот, кои секојдневно ги носи Владата, ќе се заоструваат ако тоа се покажело како неопходно.

Биљана Божиновска