Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Прилози

Три милиони патници на Скопскиот аеродром – Стартува линијата Скопје – Прага, идната година пет нови линии

Над 3 милиони и 200 патници до крајот на годината ќе бидат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 3 милиони и 200 патници до крајот на годината ќе бидат опслужени на скопскиот аеродром а 262 илјади на охридскиот- што во споредба со 2010 година претставува 5 кратен раст. Денеска на Меѓународниот аеродром Скопје беше испратен  три милионитиот патник во оваа година. Скопје станува центарот во авиосообраќајот во регионот. Со формирањето на новата Влада и новите начини на субвенционирање беа стартувани летови до 21 нова дестинација од Скопје и Охрид а според вицепремиерот и министерот за транспорт растот на патници веќе се забележува во споредба со минатата година.

  • „Од 6 април следната година стартуваат авиолините Скопје-Наполи и Скопје-Будимшпешта, а од 28 јуни Охрид-Катовице, Охрид-Вроцлав, Охрид-Милано, а ќе стартува и редовната линија Охрид-Виена на Аустријан ерлајнс. Со сите нови линии и активности Николоски рече дека се надева оти следната година во овој период ќе има 3,5 милиони патници на Скопскиот аеродром“.

    Најмалку пет нови линии се очекува да стартуваат во 2026 година. А според очекувањата на вицепремиерот би требало да се договорат и нови европски и светски дестинации.
  • „Годинава имаме континуиран раст, кој во ноември достигна 25 проценти споредено со ноември лани, што значи дека за една четвртина е зголемен бројот на патници што патуваат од македонските аеродроми.Овие резултати, посочи министерот, се проследени и со зголемување на бројот на туристите, развој на бизнисот“.

Директорот на ТАВ Македонија е уверен со Поддршка на владата ќе се отворат уште поголеми можности за македонските патници.

  • Го достигнавме три милиониот патник во една година, патничка која првпат лета за Бари и посакав среќа на неа и нејзиното семејство, изјави Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија.

Три милионитиот патник доби бесплатни услуги и производи од ТАВ и две бесплатни авио карти до дестинација која тие ќе си ја одберат. 

Реклама


Во понеделник ќе стартува за прв пат и линијата Скопје Прага на унгарскиот гигант Визер.


Од 26 ноември Стапи во сила зимскиот распоред на летови за 2025/26 година. Од Меѓународниот Аеродром Скопјe е поврзуван до 49 редовни дестинации што ги опслужуваат 17 авиокомпании, како и 13 чартер дестинации. Од Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид има пет дестинации, на кои сообраќаат три авиокомпании.