Реклама
Свет

Три метри снег го затрупаа италијанскиот регион Пиемонт

Силна снежна бура предизвика целосен колапс во италијанскиот регион Пиемонт. За само…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Силна снежна бура предизвика целосен колапс во италијанскиот регион Пиемонт. За само 24 часа, во некои области падна до еден и пол метар нов снег, со што вкупната висина на снежната покривка достигна неверојатни три метри. Автомобилите буквално исчезнаа под снегот, а жителите се принудени да копаат тунели за да стигнат до влезните врати на своите домови.