Реклама

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Николоски: Го разбирам незадоволството на превозниците, се обидуваме да им олесниме преку билатералните договори

Николоски: Се бара алтернативна траса за автопатот Ќафасан–Требеништа, Кичево–Охрид готов до 2027

Се сумираат пријавите од невремето во Скопје, следува обештетување

231 документ, копирани и сместени во осум кутии и седум сведоци: Артан Груби конечно седна на обвинителна клупа

Вербално херојство или страв од дебакл – зошто СДСМ и Филипче бегаат од избори?

Политички бумеринг: Филипче обвинува за лажни вести, фактите говорат дека тој ги шири

Едносменската настава им носи повеќе време на децата, полесна организација за родителите и поквалитетна настава

Данок за секој издаден стан, Охрид воведува ред во туризмот

Обнова на штипскиот Исар со 1,4 милиони евра од унгарскиот кредит ќе се реставрира тврдината

Економија

Трет мобилен оператор официјално се очекува на почетокот на 2026

Неквалитетна услуга, измени на услови од претплатнички договор, висока сметка и раскинување…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неквалитетна услуга, измени на услови од претплатнички договор, висока сметка и раскинување на договор со наплата на казнени пенали, се најчестите причини поради кои граѓаните лани се обратиле до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) со барање за решавање спор. До регулаторното тело годинава пристигнати се 346 барања за решавање спор наспроти 363-те регистрирани во 2024 година, изјавија од АЕК.

Од вкупниот број на донесени решенија, 45 се усвоени, 14 се делумно усвоени, 40 предмети се затворени со меѓувремено постапување од страна на операторот и 109 се одбиени. Останатите барања за решавање на спор биле: непотполни, повторно поднесени или Агенцијата не била надлежна или биле отфрлени.

– Граѓаните ги користат соодветно механизмите за заштита кои ги обезбедува АЕК, велат од регулаторното тело.

Реклама
Во објавеното рангирање за квалитетот на мрежите во Европа на ниво на држави од страна на порталот www.connect.de во рубриката Топ тема нашата држава е позиционирана на високото второ место c

Клучни новини што се очекуваат на овој пазар за 2026 година се влез на трет мрежен оператор во мобилната телефонија, ставање во функција на телекомуникациската кула на Водно, воведување на T-DAB,…

Од АЕК сметаат дека 2025-та  е позитивна од аспект на развојот на пазарот на електронски комуникации и како што потенцираат, сите параметри кои јавно ги објавуваат на квартално ниво бележат позитивен тренд. 

Како што укажуваат, операторите во државава веќе обезбедуваат брзина на пристап преку 5G во просек од околу 340 Mbps во градовите со што веќе се постигнати таргетите од Националниот оперативен бродбенд план, којшто е дел од неодамна промовираната национална ИКТ Стратегија СМАРТ/МК 2030. 

– АЕК успешно ги спроведува обврските кои се предвидени во НОБП. Имено, таргетите кои би требало да се постигнат заклучно со 2029, веќе се постигнати. Операторите во просек веќе обезбедуваат брзина на пристап преку 5G во просек од околу 340 Mbps во градовите и околу 120 Mbps на патиштата иако таргетот за 2029 е да се овозможи брзина на пристап од минимум 100 Mbps. Ова ја поставува Македонија секогаш во врвот помеѓу првите 5-10 држави во Европа по квалитет на мрежи, велат од регулаторното тело.

Властите во Уганда им забранија на затворскиот персонал да користат мобилни телефони за време на Светското првенство во фудбал, нагласувајќи дека затворениците би можеле да ја искористат невн

Во 2025 година започна процесот за воведување на трет мрежен оператор кој ќе обезбедува мобилни мрежи и услуги.

– Се предвидува официјалниот влез да се случи на почетокот на 2026. Со тоа ќе се зголеми конкуренцијата на пазарот што беше една од постојаните забелешки во извештаите на Европската комисија за напредокот на Македонија, изјавија од АЕК.

Агенцијата на 24 ноември годинава ги продолжи за 96 дена роковите од тендерската документацијата за трет мрежен оператор во државава, на барање на единствениот понудувач на тендерот  „Оне Македонија телекомуникации“ на унгарски „Фор-ај-џи“. Со тоа, согласно Одлуката на АЕК, краен рок за донесување одлука за избор на најповолен понудувач на тендерот е 12 јануари 2026 година, а 25 февруари 2026 година за доделување одобрение за користење на радиофреквенции. 

На македонскиот пазар сега работат мрежните оператори Македонски Телеком АД Скопје и  А1 Македонија ДООЕЛ Скопје, како и виртуелните оператори Лајкамобајл ДООЕЛ Скопје, МТЕЛ ДООЕЛ Скопје, РОБИ ДООЕЛ Штип  и Греен Телекомуникации ДОО Прилеп.

Според најавите од регулаторното тело, следниот месец треба да биде ставена во функција телекомуникациската кула, капитален објект што почна да се гради во 2013 година. Согласно Договорот, кулата треба да биде пуштена најдоцна до 31 јануари.  

Основна намена ќе и биде постигнување на електромагнетна компатибилност. Тоа значи дека сите предавателни системи кои во моментов се поставени на локација врв-Водно ќе се постават на кулата во вертикала. На тој начин, укажуваат од АЕК, ќе се одбегне појавата на интерференции во различни радиокомуникациски служби.

– Особено е битно што ќе се зголеми безбедноста во службите за воздухопловна радионавигација и воздухопловна мобилна. Во радиокомуникациите пред се на прво место е безбедноста во овие служби. Капитални проекти од ваков тип не се предвидени, се предвидува континуирано одржување, надградба и набавка на софистицирана мерна опрема, изјавија од АЕК.

Телекомуникациската кула на Водно е централно армиран бетонски столб во висина од 155 метри, со можност за сместување четири конзолни платформи со површина од 180 до 200 метри квадратни. Предвиден е и челично решеткаст столб, а на врвот антена. Овој нов антенски систем е наменет за предавателите на македонските оператори и системот за контрола и мониторинг на радиофреквенциите. Во кулата се предвидени административни простории, како и ротирачки ресторан со панорамски поглед на главниот град

Како значаен момент во годината што измина е и новиот Закон за електронските комуникации кој е целосно хармонизиран со европското аки. Согласно овој закон се предвидува и можност за воведување на T-DAB во Македонија од страна на ЈП Македонска радиодифузија по 1 јануари 2026 година.  За T-DAB, досега можност имаше да му се додели одобрение само на оператор во приватна сопственост. На ЈП МРД веќе му се доделени 2 MUX за DVB-T. Сега се предвидува можност за доделување и на трет MUX на МРД кој може да се искористи за T-DAB.

Приходите на АЕК во 2026 година се планирани на износ од 636.750.000 денари, за 26 проценти помалку од ланските.  Најголемиот дел од проектираните приходи, 520 милиони денари, се од надомест за користење радиофрекфенции. 

Заклучно со вториот квартал годинава во државава се регистрирани 1.954.643 претплатници во мобилната телефонија, како и 457.763 фиксни линии. Пристап до интернет со широк опсег имаат 549.109 претплатницим а со широк и тесен опсег преку мобилни мрежи (2G/3G/4G) 1.615.040. Регистрирани се 441.523 претплатници на ТВ услуги.