Реклама

Седрак за изборите во Бугарија: Бугарскиот претседател ќе биде без летимитет, како дома, така и во Брисел

Седрак за изборите во Србија: Се менува политичката култура, многумина студентското движење го сметаат како Шарената револуција

Нови серии, нови технологии-ново лице на ТВ Алфа

Јотова води, Радев загуби: Бугарите со катастрофална излезност го одземаат легитиметот на премиерот и Владата

Божиновска: Не може различната визија за енергетиката да се прогласи за кршење на Уставот

ЕУ по изборниот пораз на Вучиќ: „Вратите се отворени, подготвени сме да и помогнеме на Србија“

Дурмиши: Минималната плата ќе продолжи да расте во 2027 година

Ден по тектонскиот потрес: Вучиќ ги пакува куферите, граѓаните во еуфорија, студентите договараат – кој ќе ја води државата

Клучни избори во Србија – голема излезност, крајна неизвесност

Растат цените на квадрат во Штип – рекордот е 1.500 евра

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

Економија

Глобалните цени на храната растат поради сушата, можно е наесен спиралата да ја зафати и Македонија

Глобалните цени на храната полека, но сигурно бележат значителен раст поради сушите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Глобалните цени на храната полека, но сигурно бележат значителен раст поради сушите и проблемите со транспортот преку Црното Море, што наесен може да го прекине периодот на ценовно смирување во Македонија.

Според најновата анализа на „Оксфорд Економикс“, цените на храната во светот ќе пораснат за 11,8 проценти во 2026 година, при што најголем притисок се очекува кај житарките, свежиот зеленчук и млечните производи.

Главните причини за новиот ценовен шок се топлотните бранови, кои ги намалија приносите кај големите производители, зголемените цени на ѓубривата и горивата, како и обновените прекини во поморскиот извоз.

Реклама

Европското здружение „Косерал“ ја намали прогнозата за жетвата на жито во ЕУ и Велика Британија на 286,6 милиони тони, што е значителен пад во однос на ланските 310 милиони тони.

За разлика од развиените европски земји, секое поскапување на основните намирници во Македонија може да има директен и силен удар врз животниот стандард. Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека трошоците за храна и пијалаци зафаќаат 50,1 процент од вкупниот семеен буџет.

Дополнителен притисок врз пазарот создаваат и зголемените трошоци за производство во домашното земјоделство.