Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Македонија

Министерот Клековски ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ги посети Клиниката за инфективни болести…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за здравство Сашо Клековски денеска ги посети Клиниката за инфективни болести и Институтот за јавно здравје, каде што се сретна со медицинскиот персонал вклучен во справувањето со епидемијата на западнонилската треска.

– Системот е подготвен и здравствените работници ја имаат нашата целосна поддршка во справувањето со западнонилската треска како јавноздравствен предизвик. При денешната посета на овие установи направив увид во капацитетите со кои располагаат од аспект на капацитети за хоспитализација, кадровска опременост, како и лабораториските реагенси за испитување. Досега се потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, од кои 43 се хоспитализирани, а повеќето од нив се со невроинвазивна форма на болеста – посочи министерот Клековски.

Тој упати апел до граѓаните – доколку забележат симптоми, како висока температура, вкочанет врат, дезориентација, слабост или грчеви – веднаш да се јават кај својот матичен лекар. Инаку, од почетокот на епидемијата досега 21 пациент се отпуштени од болница и упатени на домашно лекување, уште четворица пациенти денес се отпуштаат, а вкупно пет лица се починати – соопшти Министерството за здравство.