Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Шасивари – Бримора: Продолжува поддршката за реформите во правосудството и владеењето на правото

Министерот за правда Јетон Шасивари остварил средба со амбасадорот на Република Полска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за правда Јетон Шасивари остварил средба со амбасадорот на Република Полска во земјава Мариуш М. Бримора, на која биле разменети мислења за актуелните состојби и приоритетите во областа на правосудството, како и за можностите за натамошно унапредување на соработката меѓу двете земји.

Во фокусот на средбата, како што се наведува во соопштението од Министерството за правда, биле законите од Реформската агенда, со посебен акцент на унапредувањето на владеењето на правото, зајакнувањето на независноста и ефикасноста на правосудството, како и унапредувањето на институционалните механизми за спречување и борба против корупцијата.

Министерот Шасивари го информирал амбасадорот за тековните активности на Министерството за правда во насока на реализација на реформските приоритети, вклучително и подготовката и унапредувањето на законските решенија кои се од значење за исполнувањето на обврските во процесот на европска интеграција.

Реклама

На средбата било истакнато дека партнерството со земјите членки на Европската Унија претставува значаен придонес при спроведувањето на реформите и европските стандарди, со крајна цел изградба на современ и ефикасен правосуден систем во интерес на граѓаните.