Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Мисајловски: Со развој на воена индустрија, дел од парите што ги одвојуваме за одбрана би можеле да останат во македонски компании

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вечерва изјави дека ние сме безбедна и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вечерва изјави дека ние сме безбедна и стабилна држава без ризици, како и дека следува период на модернизација и унапредување на Армијата. 

– Сакам сите да знаат дека сме безбедна држава, стабилна држава. Нема ризици. Знаете дека пред извесно време не оценуваа особено нашата лесна пешадиска група. Ги доби највисоките оценки за борбено способни, но она што секој еден го знае е дека ние сме во НАТО. Сепак, колективната безбедност е заедничка. Дали сме способни? Апсолутно. Јас морам да ја пофалам Армијата бидејќи сме институција со најмногу вежби, со најмногу придонес. Секојдневно учествуваме во различни мисии и навистина сме спремни за сите предизвици – изјави министерот  Мисајловски.

Во интервју зa една од националните телевизии, Мисајловски рече дека се менуваат стретешките документи, а со тоа ќе се зголеми и нашата борбена моќ.  – Тоа значи дека ќе можеме да набавуваме нови системи и тоа ќе биде многу скоро. И она што моментално го размислуваме и го работиме и набрзо ќе има и такви договори се во противвоздушната одбрана. Се разбира, тука се и дроновите кои на различни начини ќе ги набавиме. Имаме состаноци да видиме дали може да има и македонски дронови, со македонски компании. На тој начин средствата што се одвојуваат до нас од Министерство за финансии, од сите граѓани, како да ги употребуваме да вложуваме во македонски компании за да се развива воената индустрија – најави Мисајловски. 

Реклама

Министерот рече дека би било добро дел од средствата од Буџетот што се одвојуваат за одбрана да може да добиваат и македонски компании со развој на воена индустрија. Мисајловски ги повика експерите и пратениците да придонесат за развој на оваа идеја.

– Веќе има неколку компании. Од утре почнуваме да се гледаме со компании на оваа тема и тие да дадат инпут како ова да го направиме за да видиме дали тие средства да останат тука. Секоја земја го прави тоа. Отвораат свои фабрики, инвестираат во свои фабрики. Мислам дека и ние натаму треба да гледаме – рече министерот за одбрана.   

Тој посочи дека стигнува многу опрема како и сите возила, меѓу нив и страјкерите  што до крајот на месецот ќе бидат ставени во употреба, а за хелихоптерите Леонардо рече дека до крајот на годината треба да стигнат два, а во наредните години сите осум. Стигнати се и дел од мистрал системите.

– Она што дополнително секој граѓанин треба да го знае е дека 16 нови договори потпишавме со САД за различен вид на опрема. Тука има беспилотни летала, софтвери, решенија… ќе унапредуваме многу зависно колку ќе имаме средства во буџетот. Се ќе биде за Армијата. Дел е модернизација, дел човековите ресурси, плата итн, дел за инфраструктура – рече Мисајловски.  

Министерот за одбрана најави дека во следните неколку недели ќе има разговори со министерката за финансии за платите и оти очекува вработените да бидат многу задоволни. Во однос на прашањето за припадниците на Армијата кои наполниле 45 години, Мисајловски рече дека е разговарано со синдикатите и прифатливо е да останат сите опции – останување во МО како цивил, добивање отпремнина или вработување во други институции.

– Целта на ова што го работиме е промена на правилници и со закон е секој да има можност да остане во Армијата, да има можност да ја носи униформата, да е задолжен со оружје и директно она што работел до 45 години да го примени во Армијата  – рече Мисајловски додавајќи дека конечното решение сака да биде заедно со синдикатите и оти тоа може да се очекува во следните недели.