Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Тренчевска: СДСМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд по срамната Резолуција во Собранието

Од овде, од пред Уставниот суд испраќаме гласна порака: СДСМ нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од овде, од пред Уставниот суд испраќаме гласна порака: СДСМ нема да дозволи гушење на демократијата и слободата на говор! Заедно со граѓаните ќе ја одбраниме Македонија, ќе ја одбраниме демократијата, вели потпретседателката на партијата Јована Тренчевска, во изјава за медиумите.

ДПМНЕ–ЗНАМ усвоија неуставна Резолуција со која директно се загрозуваат слободата на говорот и слободата на политичко дејствување на опозицијата. Целта на власта е да ја замолчи опозицијата и да се забрани било каква дебата за договорот -мигранти за пари, да се спречи вистината да излезе на виделина.

Секој што ќе зборува јавно за мигранти, да се таргетира со закани за кривични пријави и затвор. Затоа и забрзано работат на воспоставување контрола врз судството и обвинителството. Цензура против предавствата на власта.

Реклама

Кога се носат неуставни резолуции против опозицијата, тоа е автократија – вовед во диктатура, режим. СДСМ ова нема да го дозволи и силно ќе се спротивстави, заедно со граѓаните. Најавувам, ќе поднесеме претставка до Уставниот суд за уривање на уставниот поредок.

Предавничката Резолуција е спротивна на УСТАВОТ во делот на основни човекови слободи и права на граѓанинот – слободата на изразување која е неприкосновена. И тоа ја прави неуставна.

Понатаму, ќе се обратиме до сите релевантни меѓународни институции, ќе побараме помош и од институциите на ЕУ, од сестринските партии во Европа. Со сите демократски алатки и механизми што ни стојат на располагање ќе се бориме за Македонија, за слободата и демократијата.

Борбата продолжува.