Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Свет

Трамп: САД и Украина се блиску до мировен договор, судбината на Донбас останува неизвесна

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваа позитивно за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп и украинскиот претседател Володимир Зеленски зборуваа позитивно за нивните разговори на средбата во Флорида. „Остварен е голем напредок, многу сме поблиску до руско-украински договор“, рече Трамп, додавајќи дека сè уште има едно или две тешки прашања.

Тој посочи дека наредните недели ќе покажат дали може да се постигне решение за прекин на војната во Украина. Зеленски изјави дека имал одлична дискусија со Трамп, но двајцата не изнесоа конкретни детали за напредокот, особено околу евентуалните територијални отстапки.

Зеленски рече дека договориле 90 проценти од мировен план од 20 точки, додека Трамп изјави дека безбедносните гаранции за Украина се договорени 95 проценти. Украинските и американските преговарачи повторно ќе се сретнат следната недела, со цел да се стави крај на речиси четиригодишната војна.

Реклама

Предлогот за претворање на регионот Донбас во демилитаризирана зона засега останува нерешен, додаде Трамп. Тој откри и дека кратко пред средбата со Зеленски разговарал телефонски со рускиот претседател Владимир Путин, оценувајќи го разговорот како „добар и многу продуктивен“, без дополнителни детали.