Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Свет

Трамп призна дека Конгресот ги потврдил изборните резултати, но не му честиташе на Џо Бајден

Иако од неговиот мандат остануваат уште само 11 дена, се погласни се…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако од неговиот мандат остануваат уште само 11 дена, се погласни се повиците за отповикување на Доналд Трамп. Американскиот Устав ја дава таа можност.

По насилните протести претседателот во заминување се обрати до нацијата.

“Како и сите Американци и јас сум револтиран од насилството и беззаконието.”- изјави Доналд Трамп, претседател на САД.

Реклама

Доналд Трамп призна дека Конгресот ги потврдил изборните резултати, но не му честиташе на Џо Бајден, а на Твитер напиша дека нема да присуствува на инаугурацијата.

“Мојот фокус сега е кон непречена, мирна и уредна транзиција на власта.” – изјави Трамп.

Претходно новоизбраниот претседател со остра порака за неговиот претходник.

“Тој започна целосен напад на нашите институции и на нашата демократија уште од почетокот.” – вели Џо Бајден, новоизбран претседател на САД.

Бајден не ги коментираше се погласните барања за отстранување на Трамп пред истекот на мандатот поради поттикнување на насилство.

Демократите и во Сенатот и во Претставничкиот дом сакаат да биде имплементиран уставниот Амандман 25 кој предвидува отповикување на актуелен претседател.

“Тој мора да биде отстранет од функцијата. Иако остануваат само 13 дена, секој ден може да биде хорор шоу за Америка.” – изјави Ненси Пелоси, претседателка на Претставничкиот дом

И дел од Републиканците бараат отповикување на Трамп.

“Се укажува дека претседателот се оддалечил, не само од својата должност и заклетва туку и од реалноста.”рече Адам Кинзигер, конгресмен од Републиканската Партија.

25-от Амандман овозможува отстранување од функцијата на претседател кој „не е способен да ги извршува своите права и обврски“ преку гласање на потпретседателот и на мнозинството од Кабинетот.

Засега ниту потпретседателот Мајк Пенс ниту некој од државните секретари јавно не се произнеле за ова.

“Со оглед на преостанатото време мислам дека ќе има пречки, и практични и правни, за да се направи тоа. Може да се направи, но би било многу тешко.”вели Џон Фортиер, Институт American Enterprise.

Во меѓувреме федералните обвинители велат дека водат истрага за нередите и дека ќе поднесат обвиненија за сите кои ги поттикнале, што евентуално би можело да значи и за Доналд Трамп. Тој ги повика поддржувачите да се упатат до Конгресот и да ги притиснат законодавците да не ја потврдуваат победата на Џо Бајден.

“Сликите се шокантни и тажни. Мислам дека е тажна, но до некаде и предвидлива завршница на подривањето на демократија од страна на претседателот.”изјави Џејсон. Грумет, Центар за двопартиски политики.

Ненси Пелоси изјави дека доколку Мајк Пенс не го искористи Амандманот 25 Претставничкиот дом можеби повторно ќе поведе постапка за импичмент на Доналд Трамп. Пред само една година обидот за негово отповикување на овој начин не беше успешен.

Конгресот не заседава до следната недела. Во главниот град на Соединетите Држави е прогласена вонредна состојба во следните две недели, до по завршувањето на инаугурацијата на Џо Бајден која е закажана за 20-ти јануари.

За Алфа, од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.