Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Иран се откажал од својата програма за нуклеарно вооружување.
Во поткаст на „Њујорк пост“, тој изјави дека веќе е постигнат договор за нуклеарното оружје на Иран.
– Не можеме да им дозволиме нуклеарно оружје. Тие веќе се согласија да немаат. Тоа беше голема работа, посочи Трамп.

Тој негираше дека Иран има предност во судирот.
– Иран нема морнарица. Нема воздухопловни сили. Имаат многу малку војници. Немаат лидерство, воопшто немаат… Нивната економија се урива. Нивната инфлација е 250 проценти. Што лошо можете да замислите, тие го имаат, наведе Трамп.
Според него, и блокадата на Ормуска Теснина набрзо ќе биде решена, додавајќи оти САД имаат „многу голем воен успех во Иран“.
