Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Свет

Трамп: Новиот ирански лидер мора да добие одобрение од САД инаку „нема да трае долго“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека новиот ирански лидер мора да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека новиот ирански лидер мора да добие одобрение од САД или „нема да трае долго“.

– Тој ќе мора да добие наше одобрение. Ако не добие наше одобрение, нема да трае долго. Сакаме да бидеме сигурни дека нема да мора да се враќаме на ова на секои 10 години, кога нема да има претседател како мене кој е подготвен да се справи со тоа. Не сакам луѓето  за пет години да мораат да се враќаат и повторно да го прават истото, или уште полошо, да им дозволат да добијат нуклеарно оружје, рече Трамп во изјава за Еј Би Си Њуз.

Иран, претходно денеска, соопшти дека е избран нов врховен лидер на местото на ајатолахот Али Хамнеи кој беше убиен во американско-израелските воздушни напади врз Техеран, но неговото име не беше официјално соопштено.

Реклама

Иранските претставници истакнаа дека „големиот сатана“ (термин со кој го означуваат САД) веќе го споменал името на избраниот кандидат. Ова се однесува на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека изборот за нов врховен водач на Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах, е неприфатлив за Вашингтон.