Реклама

Полициска акција во Прилеп, Струга и Скопје за сузбивање трговија со дрога – над 17 уапсени

ЕУ со нов план за кандидатите – Македонија поблиску до Европскиот пазар

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме да разговараме и да дебатираме

Инвестиции во образованието: Официјално пуштен во употреба студентскиот дом „Стив Наумов“ во Скопје

Полициска акција – претреси на 30 локации, под лупа и полицајци во Прилеп

Директорот на „Македониум“ поднесе оставка, премиерот им се извини на граѓаните за пропустот

Серија критики за СДСМ поради Изборниот законик: Кочничари на се, го кочат европскиот пат, бегаат од дебата…

Фехми Стефа бара порано да го пуштат од затвор, Љупчо Пецов – Ѓаволот не ни влезе таму

Квалитет пред квантитет: објавен новиот повик за финансирање културни проекти од национален интерес

Мерките за справување со ценовниот шок даваат резултати, но и го притискаат буџетот

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Свет

Трамп најави можна средба со Путин

Американскиот претседател Трамп изјави дека постои голема веројатност да се сретне со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Трамп изјави дека постои голема веројатност да се сретне со Путин и Зеленски, по, како што ги оцени, многу добрите разговори на неговиот претставник Виткоф и шефот на Кремљ во Москва.

„Постои добра перспектива за тоа. Не утврдивме каде, но имавме многу добри разговори со Путин. И има многу голема веројатност дека можеби го затвораме кругот, го завршуваме крајот на патот. Тој пат беше долг и продолжува да биде, но, голема е веројатноста дека ќе има состанок многу наскоро“, изјави Доналд Трамп.

Сè уште не е познато дали Путин и Зеленски се согласиле на таков состанок, но по телефонскиот разговор со Трамп и европските партнери, украинскиот челник истакна дека позицијата на Украина е јасна – војната мора да заврши. Посочи дека притисокот врз Москва функционира. Кремљ, пак, претходно издаде нејасно соопштение за тричасовните разговори меѓу Путин и Виткоф, истакнувајќи дека двете страни размениле „сигнали“ како дел од „конструктивните“ разговори.