Реклама

„Св. Еразмо“ по една деценија чекање – новиот болнички блок треба да биде готов до крајот на годината

Бугарија избира нов претседател: Избори за тест на власта на Радев и геополитичкиот курс на земјата

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Свет

Трамп: Мора да го преземеме Гренланд, на било кој начин, пред Русија и Кина

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави мора да го…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски Држави мора да го „поседуваат“ Гренланд, и дека тоа ќе го сторат „на лесен или на тежок начин“.

Според него, Гренланд мора да биде американски за да се спречи Русија и Кина да го преземат островот.

Според наративот на Белата куќа, САД се подготвени да го откупат Гренланд од жителите на автономната данска покраина. И Данска и Гренланд цврсто ја отфрлија понудата на Трамп, наведувајќи дека територијата не е на продажба.

Реклама

Копенхаген предупреди дека секоја воена акција против членка на НАТО би значела крај на трансатлантската одбранбена алијанса.

„Не сакаме да бидеме Американци, не сакаме да бидеме Данци – сакаме да бидеме Гренланѓани“, се наведува во заедничката изјава што ја потпишаа пет политички партии застапени во гренландскиот парламент Инацисартут.

Партиите ги повикаа Соединетите Американски Држави да престанат со, како што наведуваат, „покажувањето непочит кон Гренланд“ и нагласија дека единствено гренландскиот народ има право да одлучува за иднината на островот.