Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Свет

Трамп: Две работи ја убиваат Европа – првата е имиграцијата, втората е енергијата

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика европските лидери на поостри мерки…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика европските лидери на поостри мерки против илегалната имиграција, оценувајќи ја заедно со енергетската политика како двата главни фактори што ја „убиваат“ Европа.

За време на обраќањето пред новинарите во Овалната соба, Трамп посочи дека Европа се соочува со два клучни проблеми кои бараат итна реакција од властите.

– Две работи ја убиваат Европа. Првата е миграцијата, а втората е енергетиката – изјави американскиот претседател, повикувајќи ги европските влади да ја затегнат својата гранична политика.

Реклама

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

 – Дозволувате влез на луѓе кои, во многу случаи, нема да ви помогнат. Ќе бидам благ – тие едноставно нема да ви помогнат – предупреди Трамп.

Изјавата доаѓа во контекст на зголемениот мигрантски притисок врз европските граници, вклучително и неодамнешниот бран кон шпанската енклава Сеута.

Трамп и претходно, меѓу другото и во обраќањето пред Генералното собрание на ООН во септември 2025 година, предупредуваше дека имиграцијата и „зелената“ енергетска политика се „двоглаво чудовиште“ што ја уништува Европа.