Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Свет

Трамп досега изгуби десетици тужби со кои се обидуваше да го промени исходот од изборите

Претседателот Доналд Трамп досега изгуби десетици тужби со кои се обидуваше да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот Доналд Трамп досега изгуби десетици тужби со кои се обидуваше да го промени исходот од изборите. Веќе помина и рокот, 8 декември, кога сојузните држави официјално ги заокружуваат резултатите, што уште повеќе ја ограничува можноста за нивно оспорување.

Од изборите изминаа пет недели, во меѓувреме се случуваа прослави, протести, повторно пребројување на гласовите во неколку сојузни држави, како и десетици правни битки.

Ништо од тоа не го промени резултатот. Џо Бајден победи на изборите. Но, претседателот Доналд Трамп не е подготвен да го признае поразот.

Реклама

“Не ги изгубивме изборите. Победуваме.” – изјави Трамп.

Помина рокот сојузните држави да ги решат правните битки, вклучувајќи и пребројување на гласовите.

“Истекувањето на рокот е уште еден удар за напорите на претседателот да го промени изборниот резултат на суд, преку лажни тврдења за злоупотреба на гласовите.” – рече Азис Хак, од универзитетот Чикаго.

Резултатите сега се сметаат за конечни за Конгресот.

“Ако изборите се сертифицирани по 8-ми декември, и ако електорите се селектирани до 14-ти декември, Конгресот  би можел да ги смета тие гласови на пребројувањето во јануари.” – изјави Џон Фортиер, од центар за за двопартиска полтика.

Претседателот поднесе десетици тужби во седум сојузни држави во кои изгуби – Аризона, Пенсилванија, Џорџија, Мичиген, Висконсин, Минесота и Невада.

Тој доби една од постапките и изгуби повеќе од 40, со неколку нерешени – во Џорџија, Аризона, Висконсин и Пенсилванија.

Како што неговиот правен тим губи во судовите, главниот правобранител на САД, Вилијам Бар, исто така, рече дека нема доказ за масовна злоупотреба.

Но, поддржувачите на Трамп продолжуваат да им се закануваат на изборните официјални лица, принудувајќи еден републиканец да се спротивстави.

“Тоа мора да запре. Господине претседателе, вие не ги осудивте ваквите постапки или говор.” – кажа Габриел Стерлинг, Менаџер за гласање во Џорџија.

По судските порази, Трамп се вмеша вршејќи притисок врз официјалните лица и законодавци во Џорџија, Мичиген и Пенсилванија да ги променат изборните резултати.

Иако ваквите обиди не успеаја, тие открија слабости во американскиот изборен систем.

“Само времето ќе покаже дали тоа што произлегува од овие избори ќе биде заложба за интегритетот на изборниот систем, или ранливост на тој систем.” – рече Азиз Хак, Универзитет на Чикаго.

Овој понеделник, 14-ти декември, 538-те членови на Изборниот колеџ формално гласаат кој ќе биде претседател и потпретседател на САД.

Американските закони предвидуваат строги рокови за заокружување на изборните дејствија. На 6-ти јануари Конгресот треба да ги преброи и потврди гласовите од Изборниот Колеџ со што и официјализира победникот на изборите. Претседателот секогаш ја дава заклетвата на пладне на 20-ти јануари.

За Алфа од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.