Реклама
Свет

Трамп: Блокадата на Ормускиот Теснец ќе остане до потпишувањето на договорот со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот за завршување на конфликтот со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека договорот за завршување на конфликтот со Иран е близу, но дека Соединетите Американски Држави нема да брзаат со негово финализирање.

Сепак, како што посочува, американската блокада на иранските пристаништа во Ормускиот Теснец ќе остане во сила сѐ додека не биде постигнат и потпишан конечен договор меѓу Вашингтон и Техеран.

Според него, двете страни треба да одвојат време процесот да биде завршен правилно.

Реклама

Во меѓувреме, високи претставници на американската администрација соопштија дека преговарачите би имале рок од 60 дена за постигнување конечен договор.

Од Иран засега нема официјален одговор, но иранската агенција, која се смета за блиска до Револуционерната гарда, објави дека САД и натаму блокираат делови од можниот договор, особено барањето на Техеран за ослободување на замрзнатите средства.