Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Свет

Орбан: Украинците им се закануваат на моите внуци

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалните мрежи објави видео во кое вели…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалните мрежи објави видео во кое вели дека добива закани од украинска страна.

Во видеото што го сподели, во разговор со своите ќерки, вели дека заканите не се упатен само кон него, туку и кон неговите деца и внуци.

„ Украинците веќе им се закануваат на моето семејство, на децата и внуците. Сите се добро, но се има свои гранци“, напиша Орбан.

Реклама

Ситуацијата се случува во период кога  на Унгарија и престојат парламентарни избори.

Зеленски го повика Трамп да го зголеми притисокот врз Путин

Украинскиот претседател Володомир Зеленски го повика Американскиот претседател Доналд Трамп да го зголеми притисокот врз рускиот лидер Владимир Путин, а не врз него.

„ Не и веруваме на Русија, но веруваме дека Американците сакаат да ја завршат оваа војна. Потребен е зголемен притисок врз Русија, а не врз мене“, рече Зеленски.

Неговите изјави доаѓаат од како Трамп минатата недела изјави, дека Зеленски треба да постигне договор, а верувајќи дека Путин е повеќе спремен за компромис.

Во меѓувреме, украинските воздушно- одбрамбени сили неутрализирале 77 од 94 дронови лансирани од руските сили против територијата на Украина во текот на ноќта, соопштија од украинските воздухопловни сили.

Вучиќ и Рама со нов предлог за Албанија и Србија во ЕУ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ, и премиерот на Албанија Еди Рама, излегоа со предлог што би ја забрзал интерграцијата  на земјите од западен Балкан кон Европската Унија. Тие предлагаат делумна и функционална интерграција како привремен чекор кон целосно членоство, со што би имале пристап кон внатрешниот пазар и шенген зоната, без европски комесар или право на вето.

Мишко Ливрински