Реклама

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Свет

Трагедија во срцето на Менхетен: петмина убиени во вооружен напад на седиштето на НФЛ во Њујорк

Пет лица загинаа, а уште едно е тешко повредено, откако вооружен напаѓач…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пет лица загинаа, а уште едно е тешко повредено, откако вооружен напаѓач отворил оган во зградата на седиштето на Националната лига за американски фудбал на Парк авенија во Менхетен.
Инцидентот се случил во утринските часови, кога 27-годишниот Шејн Тамура, поранешен играч на американски фудбал со историја на ментални нарушувања, пристигнал пред зградата со автоматска пушка М4, излегол од возилото и веднаш почнал да пука.

Првата жртва бил полицаец од Њујорк кој не бил на должност, но храбро се обидел да го спречи напаѓачот. За жал, загинал на лице место. Тамура потоа пукал во случајни луѓе во фоајето, вклучувајќи и една жена која се обидела да побегне.

По неколку минути бесмислено насилство, се качил со лифт до 33. кат, каде што застрелал уште еден чувар и еден службеник, по што си го одзел животот пукајќи си во градите.

Реклама

Мотивот за нападот сè уште не е познат. Зградата каде што се случи пукањето е дом на десетици компании, вклучувајќи ја НФЛ, инвестициската група „Блекстоун“, „Руден риел естејт“ и сметководствената фирма „КПМГ“.