Реклама

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Македонија

Товарен воз што сообраќал од Гевгелија за Солун излетал од шини

Дел од втората локомотива на товарен воз што сообраќал од Гевгелија за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дел од втората локомотива на товарен воз што сообраќал од Гевгелија за Солун, синоќа делумно излетал од шините во близина на градот Поликастро во северна Грција, а според генералниот секретар на синдикатот на вработени во Организацијата на грчките железници (ОСЕ) поради нанесената штета на шините за околу два месеци ќе биде затворена рутата Скопје-Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

Од грчката компанија „Hellenic train“ денеска кусо соопштија дека вчера во 21:25 часот во близина на Поликастро дошло до „делумно излетување од шините на задната оска на втората локомотива на товарниот воз 45201, кој сообраќаше на релација Гевгелија – Солун“ и додадоа дека не постоела никаква опасност за безбедноста на персоналот, а компанијата соработува со надлежните органи за да се истражат причините за излетувањето од шините.

Од друга страна, генерален секретар на Синдикатот на вработени во ОСЕ Никос Цикалакис за информативниот портал „Карфица“, објаснил дека екипи се на терен за да се процени ситуацијата и можно е да се затвори станицата кај Идомени за да се санира предизвиканата штета.

Реклама

„Според првичните информации, штетата е над четири километри, па европската рута на земјава од Скопје ќе биде затворена два месеци“, кажал Цикалакис и додал дека ќе постои само линијата од Бугарија и само оваа ќе се користи за меѓународен сообраќај.

Информацијата дека поради штетата на шините, меѓународната линија преку Скопје, се очекува да остане затворена околу два месеци ја пренесе и државната телевизија ЕРТ повикувајќи се на извори од ОСЕ.

(МИА)